Колку односи неделно треба да имате ако сакате бебе?

Идеално е паровите да имаат секс секој втор ден за да имаат најдобри можни шанси да зачнат бебе. Кај мажите, кои немаат редовни сексуални односи, постарите сперматозоиди се акумулираат во телото и на тој начин ослободуваат соединенија кои можат да ги „убијат“ другите сперматозоиди, поспособни за оплодување

249

Зачнувањето бебе не е лесна задача. Со надеж дека ќе станете родители што е можно поскоро, можеби ќе станете опседнати со апликации и тестови кои ја следат овулацијата и ве советуваат кога е време за сексуален однос, но експертите велат дека нема потреба од тоа.

Според професорот Адам Бејлен, поранешен претседател на Британското здружение за плодност, за да зачнете бебе, не ви се потребни никакви мерачи или апликации, а единствениот рецепт што функционира е редовен секс, што значи, минимум три пати неделно. .

Адам Бејлен тврди дека статистиката покажува дека паровите кои се фокусираат само на однос за време на овулацијата имаат секс поретко од оние кои се опуштени во овој поглед, па автоматски имаат помали шанси за зачнување.

„Идеално, паровите треба да имаат секс секој втор ден за да имаат најдобри можни шанси да зачнат бебе. Кај мажите, кои немаат редовни сексуални односи, постарите сперматозоиди се акумулираат во телото и на тој начин ослободуваат соединенија кои можат да ги „убијат“ другите сперматозоиди, поспособни за оплодување“, вели докторот и додава:

„Секако, добро е жената да знае кога има овулација, но не се препорачува, ако сакате бебе, само тогаш да имате секс.
Исто така, важно е да се знае дека секој организам е различен и дека апликациите ја пресметуваат овулацијата според одреден алгоритам. Кај некои жени овулацијата се менува од месец во месец, па ако го следите алгоритмот, лесно може да ја пропуштите.

Повеќе