Логопед тврди дека речиси сите родители прават грешка која го забавува развојот на говорот (ВИДЕО)

Многу е помала веројатноста детето да каже некој збор кога ќе го побарате тоа од него. Наместо тоа, децата најдобро учат кога зборовите добиваат контекст и имаат смисла.

579

Родителите едвај ги чекаат новите пресвртници на нивните деца. КОга првпат ќе се превртат од грб на стомак или обратно, кога ќе почнат да се смеат, да лазат, да одат, да проговорат. Сето тоа се достигнувања што ниту еден родител нема да ги заборави. Меѓутоа, ако на детето му треба подолго време за да совлада некое достигнување, родителите понекогаш се вознемирени, најчесто кога станува збор за говорот. На Тик-Ток мајка на две деца и логопедка сподели објаснување за тоа зошто начинот на кој го поттикнувате вашето дете да зборува може да направи повеќе штета отколку корист.

„Дали знаевте дека нашите инстинкти кога разговараме со децата често ја попречуваат нивната способност да учат зборови?, праша оваа мајка на две деца.

Мојра како пример ги употреби зборовите: „кажи мама“. Таа објасни дека охрабрувањето на децата да кажат одредени зборови го зголемува притисокот и може да го попречи напредокот.

„Многу е помала веројатноста детето да каже некој збор кога ќе го побарате тоа од него. Наместо тоа, децата најдобро учат кога зборовите добиваат контекст и имаат смисла. Кренете ја раката, допрете го лицето и кажете: „Јас сум твојата мајка“. Побарајте од партнерот да ви мафне кога ќе влезе во собата и да ви каже: „Здраво, мамо“, предлага таа.

Друг важен совет од оваа експертла е да не му се обраќате на детето со детски глас. Таа вели дека тоа му пречи на неговата способност да учи зборови и звуци соодветни на возраста.

„Ако вашето дете користи израз како ав-ав за куче, вие одговарате со користење на вистинскиот збор, а не со имитирање. Кога децата за прв пат правилно ќе го изговорат зборот, не треба само да ги пофалите, туку да го проширите разговорот. Ако детето вели „камион“, вие му возвраќате: „Да, камион! Син камион!“, забележа таа.

Според неа, тоа е начин да му се даде шанса на детето да работи и да учи и да му станете многу поинтересен партнер за разговор.

Повеќе