Мајка го одвикнала од пелени шестмесечниот син: „Сам ми дава знак кога треба да оди во тоалет“

Најчесто децата научуваат да одат во тоалет на 2 или дури и на тригодишна возраст, но оваа мајка тврди дека нејзиното бебе го знае ова иако има само 6 месеци

2.846

Одвикнувањето на детето од пелени не е воопшто лесна задача, а повеќето мали деца се одвикнуваат во просек на две или тригодишна возраст. Меѓутоа, една мајка предизвика жестока дебата на социјалните мрежи кога на ТикТок откри дека нејзиниот шестмесечен син веќе сам извршува нужда во тоалет.

Во видеото објавено од тиктокерката по име @squillymama ја гледаме мајката како седи на подот во бањата, држејќи го своето бебе на тоалетната шолја додека тоа врши нужда.
Таа објаснува дека нејзиниот син со мрморење ѝ дава до знаење кога треба да оди во тоалет, а видеото кое моментално има над 250.000 прегледи ги поделило мислењата на родителите на социјалните мрежи и предизвикало многу бурни реакции.

„Па вашето бебе сè уште не може ни да седи самостојно, секој може да стави мало бебе на тоалетната школка и да каже дека знае самостојно да врши нужда без пелена. Ова нема смисла” е само еден од многуте коментари.

@squillymama

for the first time ever squilly let me know he had to go to the bathroom while we were at the doctors! he signs or grunts to let me know when he has to go! any mommas have tips on elimination communication while on the go? #eliminationcommunication #sahm #firsttimemom #fyp #mom #pottytrainghack #pottytrainningmom

♬ Popular – From “Wicked” Original Broadway Cast Recording/2003 – Kristin Chenoweth
Повеќе