Мајка милениумка и ќерка зумерка за генерациските разлики (ВИДЕО)

Во видеото кое има 10 милиони прегледи, мајка и ќерка кои им припаѓаат, соодветно, на генерациите на милениумци и на генерацијата З, ги покажуваат најчестите генерациски разлики

157

Додека некои од нас сѐ уште се обидуваат да ги разберат припадниците на генерацијата на милениумците која обично се дефинира како луѓе родени од 1981 до 1996 година, се соочивме со уште поголема непознаница – припадниците на генерацијата З, односно, оние родени помеѓу 1997 и 2012 година. А според многумина, разликите помеѓу овие две генерации се огромни.

Милениумците се познати по споделувањето на својот живот преку социјалните мрежи, а тоа честопати вклучува идеализирање на реалноста и одбирање искуства за споделување според популарноста, додека, генерацијата З воспоставува нови норми во однос на социјалните мрежи и сè почесто користи социјални мрежи за комуникација, односно за да остане во контакт со другите наместо за објавување интимни детали од животот.

Шенон е мајка која ѝ припаѓа на генерацијата на милениумците, а нејзината ќерка е припадничка на ген З. Таа на Тик-Ток сподели видео со нејзината ќерка во кое се прикажани најголемите разлики помеѓу двете генерации.

Вакви видеа во последно време сѐ почесто се гледаат на социјалните мрежи, а од објавувањето ова видео е прегледано повеќе од десет милиони пати.

Мајката и ќерката направиле видео од типот на „Некогаш наспроти сега“ и демонстрираат како изгледаат припадниците на двете генерации, на пример, како се јавуваат на телефон, како го завршуваат разговорот, како се фотографираат, како го спуштаат прозорецот од автомобилот, како прават облик на срце и позираат за групна фотографија. Резултатите се сосема различни, а Шенон и нејзината ќерка изгледаат како многу да се забавуваат со целото искуство.

Видеото е подолу, а вие слободно дополнете ако сте забележале уште некоја драстина разлика помеѓу овие две генерации и спремете се за следната: генерација Алфа (родени од 2010 до 2024 година).

@livingwithlady

It’s like two velociraptors… Any we missed?! Do this with someone from another generation and compare answers; did you get any the same?! #thenvsnow #thenvsnowchallenge #genzvsmillenial

♬ original sound – Shannon
Повеќе