Знаеме дека бебињата можат да не изненадат со разни работи, разни постапки, знаеме дека се мудри и дека знаат повеќе отколку што мислиме. Но, понекогаш не ни се верува во тоа што го гледаме, а ова смешно бебе е пример за тоа!
Понекогаш едноставно знаете дека некој е роден комичар. Што и да кажат, сето тоа звучи смешно, како ќе се завртат некој ќе се насмее. Тие едноставно имаат смисла за хумор повеќе од другите луѓе. Па, еден ден, се обложуваме, и ова бебе ќе биде вистински комичар.
Науката сè уште не одговорила со сигурност на прашањето кога и како развиваме хумор, но факт е дека децата понекогаш знаат да бидат многу смешни. Покрај тоа, понекогаш малите деца се вистински мали глумци и можат да одглумат буквално сè!
Сè на сè, кога ќе ја споите таа актерска способност и фактот дека децата понекогаш се и онака симпатично смешни, тогаш можете да добиете бебе како ова на видеото.
Бебето од видеото ја заглавило раката во големо шише за апарат за вода. Додека раката му е до лактот во шишето, бебето почнува да плаче за да повика помош. Потоа до неа доаѓа возрасен човек и ѝ помага да ја ослободи раката.
Но, тогаш бебето повторно ја става раката во шишето, како да е заглавена и повторно почнува да плаче. Односно да глуми дека плаче. Возрасниот повторно се приближува, но бебето речиси само ја вади раката и почнува во смеа. Со тоа јасно дава до знаење дека всушност и првиот пат намерно си ја „заглавила“ раката. Ова бебе дефинитивно заслужува Оскар за глума! Ех, тешко е да им се верува на малите после ваков настап, нели?