Мажите можат да слабеат со акупунктура на уво!

Според научниците, апетитот за одредена храна може да се контролира со помош на метални топчиња наместо со традиционални игли.

229

Ново истражување претставено на Европскиот конгрес за борба со дебелината во Ирска оваа седмица посочува дека мажите можат да ослабнат со акупунктура на увото.

Резултатите се објавени во научното списание „Би-ем-џеј Опен гастроентеролоџи“ (BMJ Open Gastroenterology).

Според научниците, апетитот за одредена храна може да се контролира со помош на метални топчиња наместо традиционални игли. Водечкиот автор на научниот труд е Такахиро Фуџимото, лекар од клиниката „Еф“ во Токио, Јапонија.

„Кога малите метални топчиња се закачуваат на шест точки на увото, тоа ги стимулира нервите и органите кои ги регулираат апетитот и гладта. Овој метод на акупунктура не бара посебни вештини. Акупунктурата треба да се комбинира со диета и вежбање“, вели Фуџимото.

Испитувањата опфатиле набљудување на состојбата на 81 Јапонец со дијагноза на прекумерна тежина или дебелина на возраст меѓу 21 и 78 години, индекс на телесна маса поголем од 28,4 и со висок степен на абдоминална дебелина.

Повеќе