Многу родители го смируваат своето дете со мобилен, еве зошто е тоа опасно

Експертка за родителство советува што да се прави кога детето има изливи на бес и објаснува зошто смирувањето на детето со мобилен телефон е штетна практика…

132

Децата се многу посложени суштества отколку што понекогаш мислиме. Кога вашето дете ве полудува со своето однесување, често се чувствувате беспомошни и не знаете што да направите. Ако згора на тоа имате и лош ден, се доведувате во особено чувствителна ситуација која бара челични нерви. Но, според експертите, сето ова е сосема нормално и всушност би било чудно децата постојано да бидат вистински ангели, пренесува TheSun.

Сепак, постојат некои причини зошто децата често имаат изливи на бес. Д-р Росина МекАлпајн, од Австралија, е експерт за грижа за деца и знае нешто за тоа зошто децата се однесуваат лошо.

„Кога првпат станав мајка во 2007 година, постојано добивав спротивставени совети како „храни го бебето кога ќе побара“ наспроти „храни го бебето на секои 4 часа за да воспостави рутина“. Или „остави го бебето да се смири самото од плачење и да заспие“ наспроти „помогни му да се смири и да заспие“. Поради сите тие совети, бев збунета и имав ниска самодоверба во одлуките за родителство“.

Како универзитетски наставник и истражувач, Росина одлучила да копа подлабоко во светот на детскиот развој и родителството за да си помогне себеси и на другите во донесувањето најдобри одлуки. Собраното знаење и искуство денес го споделува со родителите ширум светот.

Проблеми со нереални очекувања
Кога станува збор за снаоѓање во стресни моменти како хранење, родителите може да бидат малку изгубени. „Малите деца имаат многу краток опсег на внимание“, вели таа. „Со текот на времето, со трпение, упорност и вежбање, малечките ќе уживаат во оброците со своите родители и ќе останат на трпезата подолго и ќе ги развиваат своите афинитети за широк спектар на оброци. Правејќи ги оброците пријатни наместо планирани и наметнати, ќе се создаде одлична основа за живот полн со среќни заеднички оброци“.

Разумните очекувања се клучот за сѐ
Анита Клир, експертка за родителство и авторка на The Work/Parent Switch, се согласила дека разумните очекувања се најважни. „Детскиот бес не е ваша вина, тоа е дел од детето кое сè уште не научило како да ги регулира своите чувства и соодветно да ги изразува“, објаснила таа. „Избегнувајте работи што само го влошуваат бесот, како што е давање премногу внимание на бесот или попуштање и давање на вашето дете нешто што неразумно го бара од вас. Останете смирени и признајте ја емоцијата зад изливот на бес.

Родителите можат ненамерно да поттикнат неконтролирано однесување давајќи им на децата „случајна награда“
Анита објаснила: „Ако вашето дете хистеризира и плаче, а вие одговарате со тоа што ќе му дадете мобилен телефон за да го замолчите, тогаш даавањето на мобилниот телефон делува како позитивна награда за испадот на детето. Вашето дете најверојатно ќе ги повтори ваквите испади во иднина затоа што ваквото однесување било наградено“.

Важно е да се запамети дека „децата не се мали возрасни луѓе“, вели Анита. „Кога на детето му е тешко, добро е да се запрашате која незадоволена потреба предизвикува такво однесување. Тоа не значи дека треба да му дадеме на детето сè што сака. Ако неконтролираното однесување на детето е предизвикано од тоа што не му дозволуваме да земе бисквит, решението е да не му дадете бисквит.

Децата имаат свој начин на размислување
Росина исто така вели дека клучот за намалување на бесот е разбирањето дека децата имаат свој начин на размислување. „Родителите често се многу зафатени обидувајќи се да ги балансираат многуте барања на работата и семејството, а ако детето се чувствува запоставено или игнорирано, може да почне да се однесува лошо за да го привлече вниманието на родителите. Децата на кои им е досадно исто така може да прават несоодветни работи. Затоа, квалитетно време со родителите, со братот или сестрата или времето поминато со омилените активности кои ги исполнуваат може да биде од помош“.

И покрај нашите најдобри напори, понекогаш нападите на бес се неизбежни. Но, според Росина, постојат некои работи што родителите можат да ги направат за да реагираат соодветно за време на тантрумите:

Спуштете се на нивото на детето и останете колку што е можно посмирени.
Уверете го и смирете го детето дека сѐ ќе биде во ред.
Објаснете дека сте таму за да го решите проблемот заедно веднаш штом ќе се смири.
Помогнете му на детето да се смири со допир (ако ви дозволи) и помогнете му да земе длабок здив.

Повеќе