Со третото дете е најстресно, со четвртото – животот конечно станува подобар

Резултатите покажуваат дека врвот на стресот кај мајката е кога бројот на деца ќе достигне три. Мајките велат дека преминот од едно до две деца не е голем предизвик, но кога две ќе станат три, светот се превртува наопаку.

69

Мајчинството ги менува жените и несомнено предизвикува стрес. И со секое дополнително дете, обемот на работа експоненцијално се зголемува.

Уште во 2013 година Today спроведе истражување за нивото на стрес кај мајките, во кое учествувале 7.164 жени. Се испоставило дека просечната мајка го оценува нивото на стрес со 8,5 на скала од 1 до 10, а има неколку причини за тоа.

75% од мајките рекле дека чувствуваат осуда и притисок од другите мајки да бидат „совршени“. Други причини вклучуваат недостаток на време да се направи сѐ што е потребно (60%), одржување на формата и привлечноста (90%) и стрес предизвикан од партнерот (46% рекле дека нивните партнери им предизвикуваат поголем стрес од нивните деца).

Мајките признаваат дека најтешко е кога ќе го добијат третото дете
И децата придонесуваат за стресот на мајките. Резултатите покажуваат дека врвот на стресот кај мајката е кога бројот на деца ќе достигне три. Мајките велат дека преминот од едно до две деца не е голем предизвик, но кога две ќе станат три, светот се превртува наопаку.

Причината за ова е прилично едноставна: имате само две раце. На пример, една мајка забележала дека не можете да ги држите рацете на сите деца додека ја поминувате улицата.

Според сѐ што наведуваат мајките на три деца, се чини дека не може да се издржи со повеќе од три деца. Но, како што изгледа, тоа не се случува.

Четвртото дете носи подобар живот

Мајките признаваат дека кога имаат четири или повеќе деца тоа станува прашање на преживување и за перфекционизмот веќе нема место. И тогаш полесно поднесуваат.

Кога ќе го добијат четвртото дете, на многу мајки им е сеедно што нивните деца јадат бонбони, скокаат во секоја локва на улица и јадат пица за ручек и што е најважно, не се грижат за другите луѓе и нивното мислење. И тогаш животот конечно станува подобар.

Повеќе