Мрзлива мајка признала дека нејзините деца јадат од чинии за една употреба

Моите деца јадат од чинии за еднократна употреба за да не морам да ги мијам садовите

270

Џесика Смит се нарекува себеси мрзелива мајка. Нашла начин да заштеди време со купување чинии за еднократна употреба за да не мора да ги мие садовите.

„Сигурна сум дека ќе има некои навредени од тоа што понекогаш вечераме од хартиени чинии, но не сакам да мијам садови“, рекле таа за ТикТок, споделувајќи дека понекогаш купува пакети од 250 или 750 парчиња за да заштеди и пари.

Таа подоцна открила дека нашла и алтернатива за хартиените салфети.
„На почетокот на пандемијата, не можев да ги најдам никаде, па почнав да купувам филтри за кафе“, споделила таа.

Очекувано не ја нашла поддршката што ја очекувала. Многумина ја критикуваат дека произведува премногу отпад.

„Додека остатокот од светот прави се за да го намали отпадот, Америка останува кралица на мрзеливоста“, „Кажи ми дека си од Америка без да кажеш дека си од Америка“, „Најдобрата заштеда не е да купуваш вакви работи“, се дел од коментарите.

Повеќе