Како функционираат кутиите за оставање на несаканите бебиња?

„Ако родителот се приближи до една од нашите кутии, сè што треба да направи е да ја отвори вратата, да ја земе портокаловата торба, да го стави новороденчето внатре, да ја затвори вратата и да си замине“, објаснила основачката на Safe Haven Baby Box, Моника Келси.

332

Ако некогаш сте се запрашале како функционираат кутиите за оставање несакани бебиња, ќе ве интересира видеото кое стана вирално на ТикТок. Имено, од крајот на 1990-тите, вакви кутии се поставуваат во САД во рамки на законот кој го декриминализира чинот на оставање неповредени доенчиња. Денес, секоја од 50-те држави има закони за безбедно засолниште.

Кутиите за бебиња, кои обично се наоѓаат во противпожарните станици, одделенијата за итни случаи и болниците, се уреди дизајнирани да ги спасат бебињата предадени во согласност со законот. Со други зборови, тие се обидуваат да спречат трагедии како пронаоѓање на напуштени новороденчиња во контејнери или на отворено.

„Ако родителот се приближи до една од нашите кутии, сè што треба да направи е да ја отвори вратата, да ја земе портокаловата торба, да го стави новороденчето внатре, да ја затвори вратата и да си замине“, објаснила основачката на Safe Haven Baby Box, Моника Келси.
Новороденчето е безбедно и заштитено во кутијата цели две минути, а потоа ќе се огласи аларм и ќе ги предупреди пожарникарите дека е бебето внатре.

Во 1999 година, Тексас беше првата држава што донесе Закон за безбедно засолниште за доенчиња. Овој закон постои како поттик за мајките во криза безбедно да ги остават своите бебиња на одредени места каде секое бебе е заштитено и здравствено осигурано додека не биде сместено во постојан дом.
Законот дозволува родителот кој ќе го предаде своето дете да остане анонимен и заштитен од кривична одговорност или прогон за загрозување, напуштање или запоставување на детето. До денес, сите 50 сојузни држави на САД имаат донесено закони за безбедно засолниште.

Основачката на Safe Haven Baby Box, Моника Келси отсекогаш знаела дека е посвоена. Кога имала 37 години, дознала дека е зачната за време на силување и дека била напуштена како бебе. Нејзината лична приказна ја инспирираla да се залага за доенчињата кои се во слични ситуации. Според веб-страницата Safe Haven Baby Box, Келси се надева дека еден ден ќе го искорени нелегалното напуштање на доенчиња ширум светот. Таа е и ветеран на американската морнарица, поранешен пожарникар и лекар.

Кутијата за оставање несакани бебиња се состои од креветче за новороденчиња, како оние во болниците. По две минути пожарникарите го преземаат бебето. Во САД има над 70 вакви кутии. Откако е поставена првата кутија, на овој начин се предадени повеќе од сто бебиња.

Повеќе