Со промена на животните навики деменцијата може да се спречи или одложи до 45 отсто

Повеќе од 57 милиони луѓе ширум светот живеат со деменција, а секоја година се регистрираат околу 10 милиони нови случаи, се наведува во соопштението на Светската здравствена организација. Болеста најмногу ги погаѓа лицата постари од 65 години

59

Деменцијата е седма водечка причина за смрт во светот и една од главните причини за инвалидитет кај постарите лица. Болеста влијае врз меморијата, размислувањето и способноста на луѓето да водат самостоен и нормален живот.

СЗО препорачува да се сменат животните навики, со што, иако не постои лек за болеста, ризикот за нејзино појавување може да се намали до 45 отсто

– Повеќе од 57 милиони луѓе ширум светот живеат со деменција, а секоја година се регистрираат околу 10 милиони нови случаи – се наведува во соопштението на Светската здравствена организација. Болеста најмногу ги погаѓа лицата постари од 65 години.

– Најчест облик на деменција е алцхајмеровата болест, со 60 до 70 отсто од сите случаи, покажуваат медицинските извештаи. Со навремена превенција, рано откривање и соодветни интервенции, може да се спречи или одложи појавувањето на ова заболување.

Во организацијата додаваат дека здравствените работници и креаторите на јавните политики имаат важна улога во спречувањето или одложувањето на појавата на деменцијата преку навремена превенција, рано откривање и соодветни интервенции.

– Од 2019 година досега, значително се сменија научните сознанија во оваа област – посочи здравствената агенција на ОН. Нашата цел е раното препознавање на симптомите и навремено и соодветно лекување, велат оттаму.

Повеќе