На 9 години завршува средно и се спрема за факултет: Сака да биде астрофизичар

Дејвид Балогун од Пенсилванија завршил основно училиште за два и пол месеци и на 9 години веќе завршува средно. Сака да стане астрофизичар

207

Иако има само 9 години, Дејвид Балогун од Пенсилванија наскоро ќе заврши средно училиште и ќе се запише на факултет.

„Завршив основно училиште за два и пол месеци, а потоа почнав средно училиште“, изјавил Дејвид за WHTM. Тој истакнал дека наставата на далечина му овозможило побрзо да напредува.

„Кога слушна за програмата STEM на седум години, почна да скока од радост. Му се допадна од првиот момент”, открила мајката на Дејвид, Роња Балогун.
Дејвид моментално ги истражува можностите за студирање, а најинтересни му се Универзитетот во Пенсилванија, Принстон и Харвард. Сепак, живеењето во кампусот не е опција за 9-годишно дете.

„Тоа е нешто за што мора сериозно да размислиме“, објаснил таткото на Дејвид, Хенри Балогун.

Дејвид вели дека по факултетот би сакал да стане астрофизичар и да ги проучува црните дупки и суперновите.

Повеќе