Најнов опасен тренд кај девојките: Рамни стомаци и ковчести колкови на социјалните мрежи
Дигиталната проверка на телото е најновиот тренд кај младите, а се карактеризира со непотребни снимки од нечие тело, најчесто снимка на рамен стомак. Според експертите, проверката на телото може да се опише како постојана опсесија со изгледот и големината на сопственото тело.
Дваесетиедногодишна жена инфлуенсерка постигна рекорден број прегледи за видеото на Тик Ток кое има потенцијал да има негативно влијание врз младите девојки.
Таа го започнува своето видео со снимка од својот рамен стомак и испакнати коски на колковите. Потоа ја покажува својата тежина и висина, а во коментарите следбениците веднаш почнуваат да се споредуваат со нејзините мерки, прашувајќи се зошто половината не им е толку тесна ако тежат исто како неа, пренесува „Јаху“.
Дигиталното проверување на телото (body checking) е најновиот тренд кај младите, а се карактеризира со непотребни снимки од нечие тело, најчесто снимка на рамен стомак без никаква очигледна причина.
Според експертите, проверката на телото може да се опише како постојана опсесија со изгледот и големината на сопственото тело.
„Опсесивно следење на обликот на телото како проверка на тежината и изгледот не носи ништо добро“ вели Брена Омалеј, диететичар.
Благодарение на експанзијата на социјалните мрежи, сега нешто што се правело само во бањата или спалната соба се споделува со целиот интернет кој е сведок на личната проверка на телото.
Овој тренд постоел отсекогаш, но сега се претвори во нешто што не било претоходно кога го правевме суптилно и прикриено.
Дигиталната проверка на телото може да изгледа различно од објава до објава и може да биде тешко да се идентификува, но експертите велат дека има неколку доследности.
Честопати станува збор за слика на рамен стомак или слабост на стомакот што е објавена буквално без причина, вели Џулијан Ламперт од Центарот за свесност и третман за нарушувања во исхраната.
Овој тренд може да има многу негативен ефект врз самодовербата и задоволството со сопственото тело, принудувајќи ги младите жени да гладуваат и да создаваат нездрави навики за да постигнат некои нереални стандарди за убавина.