Навредите се нечиј начин да се избори со чувството на инфериорност

На децата треба да им се помогне да разберат дека навредите се нечиј начин за справување со чувството на инфериорност

178

Кога некој е мрзоволен, не е важно дали е дете или возрасен, причината е секогаш една и иста – несигурност во себе.

Провокативното негативно однесување секогаш претставува тест за другиот: „Да видам како ќе реагираш на тоа, дали ќе ме прифатиш таков или не“? На децата треба да им се помогне да разберат дека навредите се нечиј начин за справување со чувството на инфериорност. Треба да им помогнеме да разберат и да научат како да реагираат на тој што навредува, како да го прифатат тоа и што всушност тоа значи. Децата треба да се научат да реагираат трпеливо на негативното, агресивното и мрзоволното однесување на другите.

На пример, една девојче се жали дека момче од класот редовно ѝ ги фрла тетратките од масата. Како можат родителите да ѝ помогнат во таа ситуација? Можат да ѝ објаснат дека момчето се однесува така, бидејќи е многу незадоволно поради нешто. Дека родителите на момчето лошо се однесуваат дома. Потсвесно е убеден дека не заслужува никакво прифаќање (ценење) и дека неговата другарка од клупата, во нејзините убави бели чевли, веројатно исто така го гледа со презир. За да го придобиеме треба да му го покажеме спротивното. На пример, девојчето треба да се обиде, пред неговата нова пакост, да го праша: „Како оди кај тебе?“ „Како е дома?“ „Дали те критикуваат поради твоите оценки?“ И за време на одморот да сподели со него банана. Не заборавајте: сѐ може да се поправи!

„Колку и да звучи банално, треба да се обидете да го практикувате тоа, да ја практикувате вашата добронамерност кон секој што ќе се најде во вашето видно поле дури и за момент. Не треба да броите поени, целта не е да собирате што повеќе поени во односите со другите. Не е штосот во тоа – срдечно да го поздравите оној кој весело ве поздравил на роденден. Тоа нема да направи да се чувствувате подобро. Туку вие поздравете ја личноста која вас јавно ве изигнорирала.

Текстот е од ТУКА.

Повеќе