Не сум манипулатор и не сум разгален! Имам 105 сетила!

Таа знае дека јас не сум безобразен, туку дека моите сетила се вкрстени и посебно комбинирани. Понекогаш се чувствувам како да имам 105, а не пет сетила. Мама ме штити, но не може секогаш да ме заштити. Ми пречат шумови и сѐ останато. Кога ќе ја видам тагата на нејзиното лице, која се појавува само кога околу неа има други луѓе, ми доаѓа да им кажам: „Сакајте ја мајка ми! Јас не сум некаков манипулатор! Не знам ни што е тоа!“

291

Многупати ми кажале дека сум разгален и безобразен и тоа во момент кога мајка ми се обидувала да ми помогне. Сум слушнал илјадници пати дека ѝ велат дека згора на сѐ тоа, треба и да ме истепа. Таа не го прави тоа. Ѝ се случувало онака малку, па потоа плачеше и ми се извинуваше.

Мајка ми најдобро знае.
Таа знае дека јас не сум безобразен, туку дека моите сетила се вкрстени и посебно комбинирани. Понекогаш се чувствувам како да имам 105, а не пет. Мама ме штити, но не може секогаш да ме заштити. Ми пречат шумови и сѐ останато. Кога ќе ја видам тагата на нејзиното лице, која се појавува само кога околу неа има други луѓе, ми доаѓа да им кажам: „Сакајте ја мајка ми! Јас не сум некаков манипулатор! Не знам ни што е тоа!“

Понекогаш ми пречи сонцето што доаѓа во мојата училница веднаш на мојата клупа. Тогаш таа се обидува да го отстрани. Мајка ми е поголема од сонцето. Мајка ми е исто така и храбра. Намерно понекогаш ме носи на некој настан полн со звуци и го толерира моето однесување. Ме учи да го прифатам како другите. И тогаш се појавува некоја жена да ѝ каже нешто. Таа никогаш не плаче пред тие луѓе, плаче потоа, во колата. Посакувам да плачеше пред нив! Тогаш би разбрале што ѝ прават. Тие луѓе се безобразни!

Но, не се сите такви. Неодамна мама ме одведе на прославата на мојот град. Имаше милион луѓе и се туркавме околу тортата. Многу плачев. Другите не плачеа. Тогаш една жена со жолта коса и пријде на мајка ми и ѝ даде торта. Потоа ѝ даде уште една жена која го зеде парчето од нејзиното дете за да ми го даде мене. Јас не сум разгален. Дојдов да ја видам роденденската торта и тоа е сѐ. Мама беше среќна поради тие две жени. Немаше лажица, па и таму чувствував гнев. Мама ме хранеше со своите раце.

Јас сум дете со 105 сетила и гледајте ме така. Мене ме боли нешто за кое вие не ни знаете дека постои. Помогнете ѝ на мајка ми, како овие две жени во паркот!

Навикнат сум луѓето да ме гледаат.

Мама не е.

Секогаш кога ќе го направите тоа и ќе ѝ кажете дека сум разгален и безобразен и мрзелив и дека треба да ме натепа, е како да ѝ забодувате голем нож во срцето! Она ви се насмевнува. Лаже! Лаже! Лаже!

Потоа седнува во автомобилот и плаче или доаѓа дома и плаче зад затворени врати.

Тогаш таа има 105 сетила!

Сите рани ѝ се отвораат.

Уважете ја мојата молба!

Дознајте ја вистината за мојата мајка и за мене.

Текстот е на писателката Едина Хелдиќ Смаилагиќ, инаку, мајка на дете со посебни потреби.

Повеќе