Не знам што да правам и ништо не ми се прави: Генерацијата З никогаш нема да разбере што правеа милениумците кога им беше досадно?

Милениумците можеа да си дозволат да им биде досадно, додека брзината со која се одвива сѐ денес, не им дава простор на новите генерации за (креативна) досада.

170

Според дефиницијата, досадата е психолошка состојба која настанува кога личноста во одреден момент чувствува недостаток на интерес, стимулација или предизвик. Тоа е субјективно чувство на празнина или недостаток на цел што произлегува од недостаток на интересни или ангажирани активности.

И токму во искуството на досадата има една голема разлика помеѓу „новата“ и „старата“ генерација. Милениумците, родени помеѓу раните 80-ти и доцните 90-ти, пораснаа во време на брз технолошки напредок, но со помалку опции за инстант забава отколку што располага денешната генерација З (Gen Z). Од друга страна, генерацијата З (Gen Z), родени по 1997 година, расте во ерата на интернетот, паметните телефони и постојаното поврзување.

И токму затоа е забавно да се споредуваат тие две генерации и како тие гледаат на состојбата „не знам што да правам и ништо не ми се прави“.

Што правеа милениумците кога им беше досадно? За почеток, милениумците можеа да си дозволат состојба на досада и тоа беше можност за мозочните кола да работат побрзо и да смислат нешто креативно.

Милениумците сѐ уште читаа книги од задоволство, а не за да снимаат рецензии за Тик-Ток.
Слушаа плочи/касети и се обидуваа да ги фатат зборовите на песните.

Возеа велосипеди, скејтборд, играа граничари…
Се гледаа филмови и серии, но без опцијата „прескокни“ или „следна епизода“. Трпеливо се чекаа нови продолженија.
Беа измислени игри кои беа извор на забава за време на здодевните училишни часови.

Како Gen Z се справува со досадата?

Прашањето е дали генерацијата З воопшто дозволува да им биде досадно. Во денешно време има чувство дека секоја забава мора да биде и „корисна“ или барем снимена за социјалните мрежи. Брзината со која се одвива сѐ денес не им дава простор на новите генерации за (креативна) досада.

Ова се најчестите стапици во кои паѓа Gen Z:

„Скролање“: Голема замка во која паѓа Gen Z (како и милениумците денес) кога им е досадно е „скролањето“лизгањето”. Тој момент кој требаше да трае неколку минути се претвора во час на гледање содржина во која човек се убедува себеси дека видел нешто корисно.

Лежење на креветот: Овој тренд сугерира дека поголемиот дел од денот лежејќи во кревет е прифатливо, па дури и популарно кај младата популација.

Се разбира, сè што правеа милениумците, како читање книги и гледање серии, го прави и Gen Z денес, но на поинаков и побрз начин и токму затоа овие видео компилации – кои јасно ги прикажуваат најчистите моменти на досадата на Millennials – може да биде тотално неразбирливо за новите генерации. Но, ова беше „милениумското скролање“.

Повеќе