Некои нови чудни баби… Сè почесто се случува бабите да одбиваат да чуваат внуци!

Можеби кај нас ситуациите кога бабите одбиваат да ги чуваат своите внуци не се толку чести, но сè почесто од светот ни доаѓаат вакви приказни кои потоа предизвикуваат полемики меѓу луѓето. Што мислите вие на оваа тема?

1.554

Една млада мајка на Редит открила дека нејзината 64-годишна мајка не сака да се грижи за нејзиното бебе додека е таа на работа и покрај тоа што е во пензија. На нејзината ќерка ѝ пречи тоа што мајка ѝ одбива да го чува своето внуче, иако знае дека таа и нејзиниот сопруг се во финансиски проблеми, па во моментов не можат да си дозволат бебиситерка. Таа им се обратила на луѓето на форумот за да открие дали нејзините очекувања се неразумни и дали со право била вознемирена од одлуката на нејзината мајка, пренесува Kidspot.

„Ја замолив мајка ми да ми помогне околу новороденчето за да можам да се вратам на работа по моето породилно отсуство. Мајка ми има 64 години, домаќинка е и не работи со години. Сепак, таа одби да го чува бебето, објаснувајќи дека е премногу стара и дека таа веќе ги одгледала своите деца. Таа исто така додаде дека ако навистина сум сакала дете, тогаш требало да размислам да останам дома и да се грижам за него додека мојот партнер оди на работа“, објаснува таа во објавата.

Ќерката додава дека таа и нејзиниот сопруг се во финансиски проблеми, па не можат да си дозволат да платат дадилка или некој друг да го чува бебето. Сепак, бабата не сака да помогне. Мислењата на луѓето на Редит се поделени. Додека едни сметаат дека младата мајка е сосема во право, други велат дека претерува бидејќи задачата на нејзината мајка не е да го чува внучето ако не сака или смета дека не е способна за тоа.

„Мислам дека малку претерувате. Ако мајка ви не сака да чува деца, не мора. Тоа е нејзина добра волја, а не задача или обврска. Најдете друг начин, замолете пријателка“, е еден од коментарите.

Што мислите вие на оваа тема?

Повеќе