Освен тепачки и булинг, во училиштата има и убави нешта: Еве како учениците ја изненадија наставничката за роденден (ВИДЕО)

Наставничка во едно училиште во Белград, во соседна Србија, ги затекнала учениците како се тепаат во класот. Но потоа следувало убаво изненадување

466

Сакајќи да ја изненадат својата професорка за роденден, учениците од едно училиште од Белград смислиле генијален план. Момчињата се преправале дека се тепаат токму кога таа влегла во одделението. Наставничката ги спуштила чантата и нејзините работи и се стрчала да ги раздели момчињата, а потоа следувало убаво изненадување.

Кога момчињата се разделиле, едното ѝ подало букет, а во воздухот летале конфети. Учениците едногласно ѝ го честитале роденденот на својата омилена професорка, а таа била во целосен шок.

Видеото е објавено на страната на Инстаграм, Дневна доза Белград и ги воодушеви корисниците на таа социјална мрежа.

Повеќе