Ова се симптоми кои може да укажуваат на вонматерична бременост

Како што предупредуваат гинеколозите, симптомите на ектопична бременост често остануваат незабележани бидејќи не е секогаш лесно да се препознаат.

174

Вонматеричната бременост е позната и како ектопична, а доколку навреме не се препознае може да биде опасна по животот на жената. Истражувањата покажуваат дека не е честа бидејќи се јавува само во 1,4 отсто од сите бремености. Како што предупредуваат гинеколозите, симптомите на ектопична бременост често остануваат незабележани бидејќи не е секогаш лесно да се препознаат.

Сепак, постојат некои предупредувачки знаци кои ниту една трудница не смее да ги игнорира, известуваат од клиниката Мајо. Некои од најраните симптоми кои може да укажуваат на ектопична бременост и бараат посета на лекар вклучуваат:

отсуство на менструација
силни болки во стомакот, кои обично се на едната страна
неменструално вагинално крварење
болка во рамената и вратот
некои симптоми на бременост како гадење или замор.

Со оглед на тоа дека ектопичната бременост може да доведе до опасни состојби како пукање на јајцеводите или инфекција, потребна е навремена реакција доколку се појават споменатите симптоми, нагласуваат лекарите.

Повеќе