Патување низ човечкото тело: Од стапалата до ситните неврони во мозокот (ВИДЕО)

Холандскиот музеј Корпус е создаден за да им покаже на луѓето како функционира човечкото тело и како се одвиваат одредени процеси во него, а посетителите имаат можност да ги слушнат органите и да видат што се случува во телото при одредени реакции како што е на пример, кивањето.

326

Како реагира вашето тело на трнче? Што се случува во вашето уво кога слушате музика? Каде е командниот центар на вашето тело? Направете спектакуларно „патување низ човечкото тело“ и видете, почувствувајте и слушнете како функционира. Станува збор за музејот Корпус, 35-метарската проѕирна зграда во форма на човечко тело сместена покрај автопатот А44 помеѓу Амстердам и Хаг.

Музејот е создаден за да им покаже на луѓето како функционира човечкото тело и како се одвиваат одредени процеси во него, а посетителите имаат можност да ги слушнат органите и да видат што се случува во телото при одредени реакции како што е на пример, кивањето.

Корпус нуди „патување низ човечкото тело“ за време на кое посетителот може да види, почувствува и слушне како здравата храна, здравиот живот и многу вежбање влијаат на телото.
Разгледот на музејот започнува со возење на ескалатор во отворен чир на ногата и завршува меѓу пулсирачките неврони во мозокот.

Корпус користи најнова технологија, звук и 3D ефекти, сите предмети во музејот се направени од обоен фиберглас за да изгледаат што пореално и за да се претстават и објаснат сите медицински аспекти на човечкото тело. Сите органи и делови од телото се прикажани во реална форма, а при посета на одредени простории можете да ги слушнете звуците што ги емитуваат органите во телото.

Патем, можете да гледате 3D филмови за оплодување или да скокате на гумен јазик. Музејот Корпус нуди аудио турнеја на 8 меѓународни јазици: холандски, англиски, германски, француски, италијански, шпански, кинески и руски.

Повеќе