Постои маѓепсан круг на депресија и губење на меморијата кај постарите од 50 години

Депресијата може да придонесе за губење на меморијата и обратно, откриле научниците кои следеле речиси 8.200 Британци на просечна од 64 години, во текот на две децении.

204

Научниците открија дека „линеарната промена во симптомите на депресија придонела за забрзано губење на меморијата“ кај испитаниците постари од 50 години, во рамки на истражувањето кое траело две децении.

Просечната возраст на испитаниците била 64 години, а биле следени речиси 8.200 Британци.

Но, не само што депресијата влијае на меморијата, туку важи и обратното, заклучиле научниците во студијата објавена од Американското медицинско здружение.

„Побрзата промена во меморијата е исто така реципрочно поврзана со побрза промена на симптомите на депресија со текот на времето“, велат американските и британските научници.

Тимот вклучувал научници и лекари од Универзитетскиот колеџ во Лондон, Медицинскиот центар на Универзитетот во Рочестер и Медицинскиот факултет во Сасекс.

„Психолошкото расположение и меморијата се суштински поврзани“, објаснуваат истражувачите, истакнувајќи дека иако когнитивната дисфункција и претходно била поврзана со депресијата, „насоката на оваа врска“ не е јасна.

Учесниците во студијата биле испитувани секоја втора година од 2002 до 2019 година со тестови за меморија и вербална флуентност и проценки на симптомите на депресија според Центарот за епидемиолошки студии.

Повеќе