Пратеничка во италијанскиот парламент го доеше бебето, а колегите ѝ аплаудираа (ВИДЕО)

Пратеничката во италијанскиот парламент Гилда Спортиело, која се бореше да им се дозволи на жените да дојат за време на парламентарните седници, стана првата жена што го стори тоа.

239

Гилда Спортиело, пратеничка во италијанскиот Парламент, која во претходниот мандат успешно лобираше за усвојување на правило кое ќе им овозможи на жените да гласаат и да дебатираат додека дојат, додека бебињата не наполнат 12 месеци, е и првата жена која го направи тоа. Имено, на 7 јуни таа стана првата жена која го доела своето новороденче во Долниот дом на италијанскиот Парламент.

Спортиело покажа дека тоа не е и не треба да биде табу. Таа седна со синот Федерик во горните редови, учествувајќи во гласањето за јавната администрација и во еден момент почна да го дои двомесечното момче, а колегите ја почестија со аплаузи.

Претседавачот Џорџо Муле рече дека ова е прв пат да се случи вакво нешто и истакна дека сите присутни им даваат целосна поддршка на мајката и синот. Муле ѝ честиташе на Гилда за раѓањето на детето, посакувајќи му добредојде во салата и „долг, слободен и мирен живот“. 

Таквиот настан не е секојдневие во многу земји, но во италијанскиот парламент во кој традиционално доминираат мажи, наиде на громогласно одобрување од пратениците, пишува Ројтерс.

Италијанската пратеничка е членка на популистичкото движење Movimento 5 Stelle (Движење Пет ѕвезди) заедно со таткото на бебето, Рикардо Рикардо.

Доењето во јавност е контроверзна тема која постојано предизвикува полемики и поделени ставови, па многу мајки не се осмелуваат да го направат овој чин.

Повеќе