Психолог апелира до родителите да престанат да ги бакнуваат децата во уста

Дејвид Бекам, Џејми Оливер и Хилари Даф се само дел од родителите кои ги бакнуваат своите деца во уста. Иако нивните фотографии добиваат илјадници лајкови, секој пат се проследени и со стотици критики.

819

Психологот Шарлот Резник неодамна го коментирала трендот славните родители да објавуваат фотографии на кои се бакнуваат со своите деца во уста. Дејвид Бекам, Џејми Оливер и Хилари Даф се само дел од родителите кои решиле да го направат тоа. Иако нивните фотографии собраа илјадници лајкови, секој пат следеа стотици критики.

„Не треба да ги бакнувате децата во уста. Има и други начини да покажете љубов. Ова не е здраво“, гласи еден коментар.
Овој тренд предизвика дебата за импликациите што може да ги има бакнувањето на децата во уста, дури и ако намерите на родителите се невини.

„Знаете што значи ако мама го бакнува тато во уста и обратно. Не е во ред девојче или момче да се бакнуваат со родителите во уста”, верува Резник.

Австралискиот психолог Хедер Ирвин-Рандл не се согласува со Резник и ја смета нејзината изјава за „нечуена“.

„Не можете да им го кажете тоа на родителите“, вели таа.

Стоматологот Ричард Маркес истакнува дека има проблем со пренесување на бактерии при бакнување на децата во уста, поради што ги повикува родителите да се воздржат од вакви изрази на љубов.

„Млечните заби имаат различен тип на глеѓ и дентин од забите на возрасните. Покрај настинките и другите инфекции кои се пренесуваат преку плунката, може да дојде и до расипување на млечните заби, како и значително влијание врз меките ткива и непцата пред да се развијат млечните заби“, објаснил д-р Маркес.

„Иако возрасните можат да се справат со микробите во устата, децата со послаб имунолошки систем се поподложни на штетни инфекции“, истакна тој.
Експертот за бонтон Лиз Бруер лично смета дека не е добра идеја да се бакнуваат децата во уста, но истакнува дека тоа на крајот зависи од родителите. Коментирајќи ја фотографијата на Викторија Бекам како ја бакнува ќерката Харпер во уста во 2016 година, таа рече: „Мислам дека тоа не е добра навика, но тоа е нејзино дете и таа е слободна да го прави она што мисли дека е најдобро“.

Повеќе