Психолог вели дека овој метод на воспитување е најдобар за тинејџерите од генерацијата З

Младите луѓе веројатно ќе бидат поприемливи за советите на нивните родители ако се чувствуваат видени и слушнати, наместо контролирани

250

Познато е дека тинејџерите мислат дека се најпаметни и дека веќе знаат сѐ, па поради тоа не ги слушаат советите на другите луѓе, особено на родителите. Но, освен за тинејџерите, ова важи и за младите мажи и жени од генерацијата Z кои се во раните дваесетти години. Но, понекогаш мал совет може да биде голема помош.

Студијата за родителство од декември 2023 година покажала дека е можно тинејџерите и 20-годишниците да ги ценат несаканите совети од нивните родители, но само ако комуникацијата е двонасочна. Психологот Витни Вог за Њујорк Пост изјавила дека оваа техника делува, но клучно е да ги сослушате децата.

„Родителите кои сакаат ефективно да ги поддржат своите деца на преминот во период на млада возраст може да го сторат тоа така што прво ќе ја потврдат својата позиција за одредена работа. Младите луѓе веројатно ќе бидат поприемливи за советите на нивните родители ако се чувствуваат видени и слушнати, наместо контролирани“, објаснила Вог.

Таа додала дека родителството е доживотна авантура која не завршува кога децата ќе наполнат 18 години и ќе заминат на факултет.

Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија-Риверсајд откриле дека младите од Gen Z често прифаќаат родителски совети, но само ако веруваат дека нивната слобода и автономија се почитуваат.

Младите прифаќаат совети, но само ако се чувствуваат почитувани

Истражувањето на 194 млади луѓе на возраст од 18 до 25 години покажало дека младите прифаќаат совети, но само доколку нивните родители ја поддржуваат нивната автономија.

Вог вели дека слушањето на проблемите на возрасните деца може да им помогне на родителите да избегнат некои од замките на хеликоптер-родителството. Таа исто така истакнува дека е важно да се избегнува постојано давање совети.

„Тешко е да се биде родител затоа што ја чувствуваш секоја негативна емоција што ја чувствува твоето дете, а твојата реакција е да почнеш со совети. Но, прекумерната поддршка на децата во областите што веќе ги совладале може да резултира со остра и несакана реакција“, објаснила таа.

Напоменува дека со ова се испраќа порака до децата дека не се способни како што треба на оваа возраст. Ова ги прави да се чувствуваат дека секогаш мора да бидат совршени и да ги исполнуваат стандардите на нивните родители, што може да влијае на нивниот успех во иднина.

„Ако децата постојано се контролирани од нивните родители, ќе им биде тешко да го достигнат својот целосен потенцијал и да бидат независни“, вели Вог.
Така, иако младите често одбиваат совети, истражувањата покажуваат дека тоа може да се промени со двонасочна комуникација и разбирање.

Повеќе