Детето никогаш не видело снег? Сега ќе му донесат дедо и баба (ВИДЕО)

Прадедото и прабабата на едногодишниот Картер кој со семејството живее на Хантингтон Бич (Huntington Beach), во САД, се возеле 150 километри за да му донесат снег

72

Прадедото и прабабата на едно момче возеле речиси 150 километри за да може најмладиот член на нивното семејство да си игра на снег. Рас Фурс и Керол Нелсон ставиле снег за едногодишниот Картер во задниот дел од нивниот камион и се возеле од езерото Ароухед до Хантингтон Бич (Huntington Beach), САД.

По два часа возење, трудот се исплател. Мајката на момчето, Џеси, ја снимила реакцијата на нејзиниот син на снегот.

„Тој уживаше. Неговите браќа, Џејкоб и Адам, исто така си играа. Сите се маваа со топки, трчаа, направивме дури и мал снешко. Картер за првпат во животот почувствува снег и беше воодушевен од него”, вели таа. Реакцијата на момчето на снегот можете да ја погледнете во видеото подолу.

Повеќе