Психолозите откриваат што не треба да прават родителите во текот на разводот

Една од најчестите грешки е да се очекува детето да избере страна. Иако е јасно дека родителите се повредени или лути еден на друг за време на разводот, најлошото што можат да направат е да го замолат детето да одбере една страна

190

Разводот е многу стресен период за родителите, а уште поголем стрес за детето. Како што објаснуваат психолозите, постојат одредени работи кои родителите никогаш не треба да ги прават за време на разводот бидејќи на детето му прават повеќе штета отколку корист, пренесува Lifehack. Еве кои се тие грешки.

Една од најчестите грешки е да се очекува детето да избере страна. Иако е јасно дека родителите се повредени или лути еден на друг за време на разводот, најлошото што можат да направат е да го замолат детето да одбере една страна, без разлика дали станува збор за мајката или за таткото, објаснуваат психолозите.

Исто така, една од големите грешки е расправијата пред детето. Психолозите тврдат дека детето го апсорбира секој изговорен збор и навреда. Освен тоа, последиците од расправијата пред дете може да бидат различни. Од фактот дека би можеле да имаат пониски оценки во училиште, да се повлечат во себе, да одбијат да се дружат со пријателите, сè до зголемен ризик од депресија и анксиозност.

За време на разводот, многу родители често зборуваат лошо за другиот родител или поранешниот партнер на детето. Психолозите предупредуваат дека тоа е особено лошо за детето. Неопходно е да се даде простор на детето да донесе свои заклучоци за тоа дали постапките на родителите биле лоши.

Ако зборуваме лошо за отсутниот родител пред детето, тоа ќе му предизвика конфузија. Имено, можеби ќе почне да се плаши да ја изрази својата љубов кон другиот родител за да не нè повреди, што е многу лошо.

Повеќе