Рециклирани пелени се користат за асфалтирање улици

Искористените пелени се фрлале во специјални канти, а потоа се носени во компанија која ги чисти и ги рециклира. Резултатот е голема количина на пластични пелети подготвени за повторно користење.

282

Во Велс за асфалтирање на улиците почна да се користи мешавина која содржи и рециклирани детски пелени. Проектот е реализиран заедно со родители кои ги оставаа искористените пелени во специјални канти. Тие пелени потоа се однесени во компанија која ги чисти и ги рециклира, а резултатот е голема количина на пластични пелети подготвени за повторно користење.

Познато е деке растопената пластика е многу леплива затоа што нејзиниот хемиски состав е многу сличен на битумен и се однесува на ист начин кога ќе се загрее. Со мешање на таа смеса со врел катран се добива мешавина потребна за асфалтирање на улици, при што се користи помалку битумен.

Ова се навистина одлични вести затоа што пластичниот отпад создава голема еколошка катастрофа во светот, а на овој начин и понатаму се употребува. Индија веќе со децении гради патишта со помош на рециклирана пластика и досега се асфалтирани илјадници километри градски улици и автопатишта со користење на тони рециклирана пластика.

Стандардната мешавина на асфалт содржи 10 тони битумен за секој километар пат, но благодарение на употребата на рециклирана пластика доволни се девет тони битумен на километар пат, додека за смесата се користи тон пластика. На тој начин се намалуваат трошоците за изградба на патишта, а и се користи повторно несаканата пластика.

Патишта направени со помош на полимери има и во Канада, затоа што полимерите спречуваат пукање во текот на зимата. Пластифицираниот битумен има повисока точка на топење од стандардниот, па затоа се употребува и на Блискиот Исток. Исто така, се создава помала бучава на вакви патишта, па со таа цел се користи и во САД.

Ваквите патишта се значително поиздржливи, а пример е патот во Шенаи кој е преслечен со пластифициран битумен во 2002 година. Од тогаш по него поминуваат автомобили и камиони, имало и поплава, но патот е во совршена состојба. Исто така, во Шенаи температурите со месеци се високи, па патот се „пржи“ веќе две десетлетија, но и понатаму нема ни една пукнатина, а не пак дупка.

Велшани, годишно искористуваат 140 милиони пелени, а тие може да бидат искористени за унапредување на сообраќајната инфраструктура во целиот свет.

Повеќе