Родителите и наставниците ги издвоија најлошите родителски стилови на современиот свет

Темата беше лансирана на Редит, а одговорија над 40 илјади луѓе, а еве што велат некои од нив.

316

Од родители до наставници, многу луѓе искрено зборуваат за она што тие го сметаат за најлош родителски стил на воспитување деца. Темата беше лансирана на Редит, одговорија над 40.000 луѓе, а вака велат некои од нив:

Претерано заштитнички стил

„Мојата сопруга и јас им дозволуваме на нашите деца да возат велосипеди низ нашиот мирен град каде што стапката на криминал е ниска“, напишал еден корисник. „Еднаш еден родител отворено ми кажа дека нема да дозволи неговиот син да дојде кај нас без придружба затоа што можам да направам нешто лудо, како на пример, да им дозволам на децата да играат кошарка пред мојата куќа без надзор.

Оптоварување на децата со бројни активности

Коментираа и многу наставници, кои истакнаа дека родителите не треба да ги пријавуваат своите деца на премногу активности во текот на неделата. „Претерување и трупање на активности“, рекла една наставничка.

„Кога предавав, се сеќавам дека децата во градинка ми велеа дека немаат време да играат бидејќи секој ден се состои од континуирани структурирани спортови, танцување и слично.

Објавување детали за детето на социјалните мрежи

Според многу корисници на Редит, деталите за детето не треба да се објавуваат на Интернет. „Премногу споделувате работи за вашите деца на социјалните мрежи“, напишал еден корисник. „Сликата од изметот на малиот Џони во нокширот не е симпатична, таа е одвратна. Не би ставиле слика од сопствениот измет во тоалетот, нема разлика што доаѓа од 2-годишно дете“.

„Гледам многу мајки на Фејсбук како споделуваат премногу информации за своите деца“, додаде друга. „Како кога и каде одат на училиште, лекари, нивните имиња, родендени и адреси, обележување на нивните градинки додека се таму итн. Дали мислам дека ова е играње со оган?

Балансот е важен

Кога станува збор за родителството, многумина забележале дека секој родител има свои правила и стратегии. Сепак, еден корисник на Редит истакнал дека создавањето рамнотежа помеѓу „границите“ и „правилата“ може да направи разлика.

„Некако забележувам тренд кај родителите кои претерано ги контролираат своите деца или се премногу опуштени и не поставуваат граници“, напишал еден од нив. „Сè е во наоѓањето златна средина за детето да може да научи што може и што не може да прави, а притоа е почитувано и љубезно кон другите“.

Повеќе