Самохрани татковци споделуваат со какви стереотипи се соочуваат

„Гледам луѓе кои мислат дека татковците не можат да направат сè што можат да направат мајките, дека ние не ги разбираме нашите деца. Проблемот е што системот е во корист на мајките. Тие можат да имаат платено породилно отсуство, почесто добиваат старателство”, вели еден татко кој сам се грижи за своето дете

286

Поимот самохран родител значи родител кој воспитува дете откако другиот родител починал или исчезнал. За родителите кои самостојно се грижат за своите деца по разводот, се користи терминот еднородителско семејство. Кога станува збор за еднородителски семејства, речиси секаде низ светот уште преовладуваат оние на мајките со деца, во однос на оние на татковци со деца.

BuzzFeed реши да ги праша татковците кои сами ги воспитуваат децата на какви заблуди и стереотипи наидуваат. Многумина дале искрени и ранливи одговори.

„Луѓето често мислат дека јас сум тој што го гледа детето. Шокантно е колку се изненадени кога ќе дознаат дека јас сум примарниот старател.

„Има многу информации или групи за поддршка за мајки кои сами се грижат за своите деца, а ништо за татковците. Тешко е да се соберат двајца татковци за нивните ќерки да си играат заедно. И прилично е морничаво кога треба да испратам порака на мажена мајка со прашање дали нејзината ќерка може да дојде да си игра со моите ќерки“.

„Луѓето мислат дека татковците се помалку вклучени во животот на нивните деца. Јас ги извршувам 100 проценти од секојдневните обврски околу децата, а луѓето ѝ ги поставуваат сите прашања врзани за децата на нивната мајка. Тие секогаш мислат дека таа е единствената која се грижи за нив“.

„Смешно е што луѓето мислат дека не можам да разговарам со ќерка ми тинејџерка за женските прашања, како што се љубовта, сексот и слично. Можам. Не секогаш најуспешно, но таа разбира што ѝ кажувам“.

„Никој не веруваше дека ќе ја жртвувам кариерата за моите деца. Морав да го направам тоа за да имаат родител кој постојано е присутен во нивните животи. Одбивав унапредувања и помалку туркав поради нив. Тоа се исплатеше”.

„Не веруваат дека знам да готвам.

„Кога станува збор за состаноци, жените обично избегнуваат татковци кои самите се грижат за децата, дури и ако се сами во таква ситуација. Тие обично мислат дека ќе има драма и не сакаат да бидат вклучени“.

„Гледам луѓе кои мислат дека татковците не можат да направат сè што можат да направат мајките, дека ние не ги разбираме нашите деца. Проблемот е што системот е во корист на мајките. Тие можат да имаат платено породилно отсуство, почесто добиваат старателство. “

„Јас сам одгледувам двајца тинејџери – девојче и момче. Луѓето мислат дека нивната мајка е важен дел од нивниот живот.

„Уморен сум од луѓето кои мислат дека моите деца ми се товар. Не, тие се суштествата што ги сакам најмногу на светот“.

Повеќе