Зошто жените се пораѓаат на грб? За сè е виновен Луј XIV

Лежењето на грб е ДОКАЖАНО дека го продолжува породувањето и ги забавува контракциите, но сепак повеќето жени раѓаат бебиња лежејќи на грб. Зошто?

340

Докажано е дека лежењето на грб го продолжува породувањето и ги забавува контракциите, но сепак повеќето жени раѓаат бебиња легнати на грб. Зошто? Главен виновник за ова е францускиот крал Луј XIV.

Професорката Лорен Дандис објаснила во списанието American Journal of Public Health дека до пред 200 години, најраспространета била исправената положба. Меѓутоа, кралот Луј XIV. сакал да гледа како неговите сопруги се породуваат.

„Луис уживал да гледа како жените се пораѓаат. Го фрустрирал скриениот поглед на породувањето кога се одвивал на столица за таа цел. Затоа тој инсистирал жените да лежат на грб, а на породувањето да присуствуваат и машки акушери“, напишала Дандис.

Луј XIV. имал 22 деца, а неговото однесување и постапки се пресликале и кај населението. Оттогаш, оваа позиција е доминантна и покрај нејзините недостатоци. Сè уште се користи во западните култури и денес.

Повеќе