Овие 2 работи родителите никогаш не треба да ги прават пред своите деца

Една од двете работи што, според психолозите, родителите никогаш не треба да ја прават пред своето дете е да зборуваат негативно за другиот родител или за другите членови на семејството.

217

Секој родител го воспитува детето на различен начин и тоа е сосема во ред, но психолозите објаснуваат дека постојат одредени работи кои сите треба да избегнуваме да ги правиме пред нашите деца. Како што пренесува британски The Sun, родителите често прават одредени работи кои му штетат на развојот на детето, како психички, така и физички, а во повеќето случаи не се ни свесни за овие негативни последици.

Една од двете работи што, според психолозите, родителите никогаш не треба да ја прават пред своето дете е да зборуваат негативно за другиот родител или за другите членови на семејството. Иако многу родители понекогаш зборуваат лошо за другиот родител на своето дете во лутина или поради одмазда, последиците од ваквото однесување може да бидат катастрофални.

Имено, кога родителот ќе каже нешто негативно за другиот родител, детето се доживува себеси како такво. Како што објаснуваат психолозите, истото важи и за кажување негативни работи за другите членови на семејството. Ова може да создаде внатрешна поделеност и да го збуни детето, додаваат тие.

Друга работа што огромното мнозинство родители ја прават, а не треба, е да го споредуваат своето дете со другите. Без разлика дали се работи за нивните браќа и сестри, пријатели или други врсници, таквото однесување може да доведе до тоа детето да се обезвредни себеси или другите. Психолозите нагласуваат дека ако му кажете на детето дека не е доволно добро, кај него ќе поттикнете депресија, а може да доведе и до непочитување кон другите.

Повеќе