Седум лоши навики кои детето може да ги преземе од своите родители

Ако сте пребирливи во јадењето, имате недостаток на самодоверба или проблеми во изразувањето на емоциите, не се чудете ако и вашите деца се такви

88

Многу студии покажаа дека децата најчесто наследуваат одредени навики од родителите, а освен добрите, се разбира, можат да ги наследат и лошите навики. Иако детето во текот на растењето ќе има многу примери, тоа од мали нозе најпрво гледа што прават неговите родители. Сето тоа може да влијае на развојот на неговата личност и неговите навики, пренесува Bustle.

Имено, како што објаснуваат експертите, постојат лоши навики кои детето најчесто ги зема токму од родителите. Ова го подразбира следново:

импулсивно трошење пари
склоност кон емоционално прејадување
недостаток на самодоверба
пребирливост во јадењето
проблеми во изразувањето на емоциите
слаби комуникациски вештини
материјализам.

Психолозите објаснуваат дека децата често ги копираат луѓето околу себе, особено кога се мали. Нивните родители се нивните најголеми примери и затоа ги копираат нивните постапки, активности и навики, и добри и лоши.

Повеќе