Шестгодишно девојче добива еднаш месечно слободен ден од школо

Една мајка практикува на својата шестгодишна ќерка да ѝ овозможи еден слободен ден во месецот кога не мора да оди во школо иако не е болна. Што мислите вие за ова?

133

Самохраната мајка Ноела Палменто ги подели луѓето откако на Тик-Ток откри дека ѝ дозволува на нејзината шестгодишна ќерка да си земе еден слободен ден месечно кога нема да мора да оди на школо, а да не е болна, за да прави што сака.

Нејзината шестгодишна ќерка Џиада може да пропушти еден ден на училиште секој месец, а Ноела ќе го оправда тоа.

„Ѝ реков на ќерка ми дека може да избере еден ден во месецот за да остане дома“, објаснува Ноела, снимајќи ја својата ќерка како си игра и пазарува во трговскиот центар.

Свесна за негативните коментари кои би можела да ги привлече со својата необична техника на воспитување, мајката однапред им кажала на луѓето „да си ја гледаат својата работа“. Но, на нејзино изненадување, многу луѓе мислат дека е тоа одлична идеја.
„Мајка ми го нарече ден за ментално здравје“, „Ова е одлично, би сакал да имав слободен ден кога растев“, „Дефинитивно ќе го правам ова со моите деца“, „Брилијантна идеја што им овозможува на децата да бидат деца“ , напишаа оние кои решија да ѝ дадат отворена поддршка на мама Ноела.

Други зазедоа покритичен пристап и укажаа на потенцијално штетните несакани ефекти.
„Нели е еден ден во месецот премногу“, „Зошто тој слободен ден не е за време на викендите“, прашуваат тие.

Што мислите вие за ова?

Повеќе