Шпанија планира да воведе боледување за жените со болна менструација

Станува збор за поширок пристап за третирање на менструацијата како здравствена состојба, што треба да вклучи и укинување на ДДВ за некои хигиенски производи, пишува Би-Би-Си.

144

Шпанија планира да воведе боледување за жените кои страдаат од силни болки поради менструација. Во предлог-законот се наведува дека жените може да имаат три дена боледување месечно поради болна менструација, а боледувањето во некои случаи може да биде продолжено и до пет дена.

Но, политичарите предупредуваат дека на законот се уште се работи. Доколку законот помине, тој би бил прв од ваков вид во Европа. Само неколку земји во светот имаат таков закон.
Оваа одлука е дел од многу поголема реформа на законот за репродуктивно здравје која ќе вклучи измени и во однос на абортусот. Со лекарска препорака ќе биде дозволено тридневно боледување за болни менструации, се наведува во нацртот.

Потенцијално ќе може да се продолжи на пет дена поради исклучително силна болка.

Станува збор за поширок пристап за третирање на менструацијата како здравствена состојба, што треба да вклучи и укинување на ДДВ за некои хигиенски производи, пишува Би-Би-Си.

Повеќе