Дали знаете дека за време на бременоста може да ви порасне носот?

Овој симптом на бременост речиси никој не го очекува иако е прилично вообичаен.

369

„Мојот нос растеше толку многу во секоја бременост што бев изненадена што не добив стрии и на него“, коментира една мајка откако Криси Тајген проговори за трудничкиот нос.

Имено, многу жени знаат дека за време на бременоста може да очекуваат болни гради, мачнини и замор, се покажало дека може и да им отечњ носот.

„Мојот нос е огромен. Има свој индекс на телесна маса. Како можете да се здебелите во носот? Ова е фасцинантно”, изјавила Тејген за време на една од нејзините бремености и ги воодушевила другите мајки затоа што проговорила за тоа.

“Ова е вистински проблем за кој малку луѓе зборуваат. Бев исплашена”, додала другата мајка.

Др. Ники Ки за британскиот Metro изјавила дека во бременоста може да се појави ринитис како резултат на промените во хормоните.

Зошто носот отекува во бременоста?
Зголеменото ниво на естроген и прогестерон влијае на отекувањето на стапалата и го стимулира протокот на крв во мукозните мембрани, принудувајќи ги мускулите и меките коски во носот да се прошират, правејќи го носот да изгледа пополн и да добие поинаков облик.

Поради тоа, жените во бременоста понекогаш се борат со затнат нос и се повеќе склони кон крварење од носот. Ова обично се случува во третиот триместар кога високиот крвен притисок и задржувањето на водата исто така може да предизвикаат оток.

Зголемувањето на носот во бременоста настанува поради хормоналните промени низ кои поминува трудницата. Овие промени се привремени и по породувањето хормоните треба да се вратат во рамнотежа, и затоа треба да се очекува носот да се врати во нормала, во рок од четири до шест недели по породувањето.

Обидете се да го минимизирате внесот на сол и да го зголемите внесот на вода за да го намалите задржувањето на водата и да го контролирате високиот крвен притисок.

Кога треба да посетите лекар?
Нормално отекувањето на носот е нормален несакан ефект на бременоста и нема потреба да се грижите. Но, наглото зголемување на отокот, особено на лицето, рацете или стапалата, може да биде знак за прееклампсија, состојба која треба да се пријави кај вашиот лекар што е можно поскоро.

Повеќе