Танцувајте како да се 80-тите! Новиот Тик-Ток предизвик може само да ве расположи и – да ве врати назад во времето
Сите знаеме дека 80-тите беа сосема луди години, а многу од денешните родители – и баби и дедовци – ги имаа своите најзабавни моменти токму тогаш. Па зошто да не ја споделите таа атмосфера со помладите?
Се сеќавате на 80-тите? Веројатно матно, бидејќи многу од денешните родители на мали деца тогаш
биле мали деца. А некои сè уште не биле ни родени. Но, без разлика дали 80-тите биле пред или по
вашето раѓање, не можете а да не знаете за сѐ што донесоа тие луди години со себе. Тоа беше
навистина лудо и среќно време. Едноставно, само да посака човек временска машина за да се
врати во тие години и да танцува на подиумот…
Тоа беше отприлика идејата зад новиот предизвик на Тик-Ток што се појави на оваа платформа.
Иако најчесто не ги одобруваме Тик-Ток предизвиците, па од многу од нив дури ни е и мачно, овој
навистина не израдува.
Имено, во овој нов предизвик, децата (хм, некои од нив веројатно се веќе родители) ги замолија
родителите да „танцуваат како да се во 80-тите“ пред нивната камера и сите танцуваа на иста песна
– Smalltown Boy, од 1984 година, на британскиот поп-бенд Bronski Beat.
Меѓу првите и најгледани видеа е видеото на Табата Лин на кое нејзината мајка Лини Лин танцува
како дел од предизвикот, а видеото има повеќе од 8 милиони прегледи. 30-годишната тиктокерка
Табата го објавила видеото како „прослава на Денот на мајката“, а дошла на идеја кога го видела
предизвикот и сфатила дека нејзините родители постојано танцуваат низ куќата.
„Ова се танцовите потези на мајка ми од 80-тите – сакам да бидам таа кога ќе пораснам“, вели
Табата, но додава и нешто со што мораме да се согласиме: „Подобро е нашите деца да не го бараат
тоа од нас за 30 години, којзнае што би „добиле“, а сигурно не би било толку забавно.
Предизвикот го испробала и Валери Мартинез (23), која вели дека ѝ е благодарна на нејзината
мајка Јејн Велакез (58) и можноста да го доживее тоа. „Ова не натера многу повеќе да цениме што
се имаме една со друга и сега ќе објавувам повеќе за мајка ми бидејќи луѓето овде апсолутно ја
обожаваат“.
Колку е добар овој предизвик! Можеби магијата лежи во откривањето на скриените таленти на
вашите родители, а можеби и во носталгијата за 80-тите. Некои татковци се приклучија на
предизвикот, па ќерката Ванеса Тоначи (29) го сними својот татко Џон Тоначи (67). А неговите
движења беа јасен доказ дека тие години ги поминал на подиумот.
1980-тите беа бурни и шарени и гласни, беа еден вид транзициски период, а сето тоа ги правеше
единствени и важни, поради што и помладите генерации со задоволство се „враќаат“ во тие години.
Танцува како во 80-тите години и актерката Сузане Непи, која вели дека 80-тите дефинитивно биле
нејзини „забавни години“. Нејзината ќерка, Мери Непи, вели дека тоа се гледа на видеото на
нејзината мајка. Таа целосно му се предаде, вели. Меѓу другите, таа ги покажа своите вештини и во
малку подзаборавениот „робот-танц“.
Покрај сите необични, луди, луди, опасни и забранети Тик-Ток предизвици, овој е малку поинаков.
Овој нè воодушеви толку многу што сега и самите би почнале да танцуваме – како да се 80-тите!