Татко ја уверил ќерката дека го напојува телевизорот со струја вртејќи педали

Еден татко ја убедил ќеркичката да користи собен велосипед за да го напојува телевизорот и дека само на тој начин може да гледа цртани филмови

465

Татко решил да ја измами ќеркичката за да ја натера да биде поактивна. Тој ѝ рекол дека со возење велосипед го напојува телевизорот со струја и дека само така може да гледа цртани филмови.

Ставил велосипед во дневната соба и секогаш кога таа ги вртела педалите, на телевизорот се емитувал цртан филм. Штом таа ќе застанела, тој го запирал цртаниот филм зад неа со притискање на копче на далечинскиот управувач.

Видеото собрало 21 милион прегледи и станало најгледано на неговиот профил во 2021 година.

@tworcubed

Answer @im_siowei 10 mill in 2020. 20 mill in 2021! Can we make it to 50 million!! Tell your kids they power the tv #viral #letsgo #golittlerocksta

♬ Pope Is a Rockstar – Sales
Повеќе