Татко кој имал постпородилна депресија зборува за симптомите: Беше ужасно

Тоа не им се случува само на жените. Во ред е да признаете дека не се чувствувате добро, порачува овој сопруг и татко кој искусил портпородилна депресија

120

Иако многу луѓе не го сфаќаат тоа, по раѓањето на детето, и жените и мажите можат да доживеат симптоми на постпородилна депресија. Извесен Том Барнс решил да проговори за состојбата со која се борел со месеци.

„Беше ужасно, а она што го влоши целото искуство е тоа што ми беше многу непријатно да зборувам за ова“, напиша тој во колумна за Your Tango.

Барнс отсекогаш бил на мислење дека, како маж, не може да го сфати физичкиот и емоционалниот товар од бременоста и дека неговата улога е да седи, да ѝ дава поддршка на партнерката и да молчи.

„Мислам дека таа стратегија функционира, но не бев подготвен за тоа дека тоа што молчам толку ќе влијае на мене откако мојата сопруга се породи. Одеднаш се фаќате себеси како плачете, а не знаете зошто“, споделил тој.

„На мојата сопруга ѝ беше полошо отколку мене, но тоа не значи дека не ми беше тешко“.
Кога сопругата и ќерката си дошле дома од болница, го фатила паника, но не зборувал за тоа бидејќи мислел дека во центарот на вниманието е неговата партнерка, која била бремена девет месеци и на крајот се породила со царски рез.

„Ја зашиле, ѝ дадоа дете и очекуваа таа да знае како да го храни и да се грижи за него. Тоа е многу за секого. Без сомнение – на мојата сопруга ѝ беше полошо околку мене, но тоа не значи дека мене не ми беше тешко, но се срамев да кажам на некој дека ми треба помош“, вели тој.
Постпарталната депресија може да биде болно реална и за мажите. Барнс тоа го сфатил првиот пат кога поминал една вечер сам со бебето. Ја убедувал сопругата да излезе со пријателите на неколку часа.

„Мислев дека ќе биде добро јас и ќерка ми да останеме малку сами. Мојата сопруга си замина, а ќерка ми почна да плаче. Таа ретко плачеше, но таа вечер не можев да ја смирам три часа. Бев избезумен но не сакав да ѝ се јавам на жена ми, сакав да се забавува и мислев дека морам да се справам со ќерка ми што плаче.Кога жена ми ми се јави, ја слушна паниката во мојот глас и ме праша дали е сѐ во ред. Мојот глас пукна и ја замолив да дојде што поскоро. Штом влезе во станот, детето престана да плаче. Почна да се смее и да гуга. Без да кажам збор, ѝ ја предадов на мајка ѝ“, се присетува тој.

„Тоа не им се случува само на жените. Во ред е да признаете дека не се чувствувате добро“.
Барнс потоа отишол во својата спална соба, се заклучил, легнал во кревет и плачел 30 минути. Кога излегол од собата, за прв пат разговарал со сопругата за постпородилна депресија.

„Моите симптоми беа многу поподносливи во споредба со некои приказни што ги слушнав. Со текот на времето се чувствував сѐ поудобно во улогата на татко. За среќа, мојата партнерка ми беше поддршка. Денес знам колку е важно мажите да зборуваат за постпородилна депресија. Таа не им се случува само на жените.

Во ред е да признаете дека не се чувствувате добро, дури и кога знаете дека на вашата партнерка ѝ е полошо.

Мажи – не плашете се да зборувате за анксиозноста и емоциите по раѓањето на бебето Најздравата работа што може да ја направите е да ги изнесете на виделина вашите чувства и да дозволите луѓето околу вас да ви помогнат, дури и ако дојат и менуваат пелени додека го прават тоа“, заклучил тој.

Повеќе