Татко воодушеви со реакцијата на изливот на бес на неговиот двегодишен син (ВИДЕО)

Видеото почна да кружи на социјалните мрежи и на еден Инстаграм профил собра 80 илјади лајкови и воодушеви многумина.

120

Втората година од животот е полна со возбуда, убави спомени, достигнувања, но и изливи на гнев. Кога ќе се случи ова последново, постојат неколку начини да се справите со ситуацијата. Некои се обидуваат да го натераат детето да се смири, други прибегнуваат кон методот на игнорирање. Во секој случај, искуството може да биде предизвикувачко и непријатно.

Токму затоа, трпеливата и толерантна реакција на еден татко на бесот на неговото дете стана вирална. По враќањето од продавница, момчето одбило да оди до куќата. Легнало на подот и гласно врескало. Затворајќи ја вратата од автомобилот, таткото без да трепне, со едната рака го грабнало детето за јакната и го крена ло земјата. Со намирници во едната рака и дете што вреска во другата, тргнал кон влезната врата од домот.

Видеото почна да кружи на социјалните мрежи и на еден Инстаграм профил собра 80 илјади лајкови и воодушеви многумина. Погледнете како изгледало ова.

Повеќе