Татковци на породување: Пет реченици на кои не им е место во родилната сала

Многу идни татковци избираат да бидат присутни на породувањето. Поддршката на жените тогаш обично многу им значи и им го олеснува целото искуство на раѓање. Но, татковците треба да бидат внимателни со зборовите. Некои реченици навистина не помагаат…

1.329

Од пред десетина години, се повеќе татковци присуствуваат на породувањата. Во договор со партнерката одлучуваат дека сакаат да бидат дел од тој голем ден, да ја поддржат, да ја масираат, да ја охрабрат и конечно да го слушнат плачот на бебето. Иако одлуката дали (идниот) татко ќе биде со мајката зависи од парот и нивната желба, многу мајки тврдат дека им било полесно со партнерот. Искуството на породувањето било помалку стресно за нив психички и чувствувале дека не се сами. Освен тоа, неопислив им е моментот во кој со зборови на поддршка го ставиле првпат своето бебе на градите. И татковците се сеќаваат на таа сцена – и многу повеќе.

Сепак, среде возбудата на слаткото исчекување, некои татковци знаат да кажат нешто што навистина не треба. Во тие моменти, не треба да им отежнуваат на партнерката или на медицинскиот персонал. Затоа ги издвојуваме речениците на кои не им е место во родилната сала.

„Ќе се онесвестам“
Присуството на породувањето не е обврска, туку право. Најдобро би било за време на бременоста да одлучите дали сакате вашиот партнер да учествува во вашето породување. Тоа може да биде прекрасно искуство затоа што во исто време го гледате вашето дете и сте сведоци на вакво заедништво. И на двајцата ви е полесно. Но, за волја на вистината, некои мажи се малку гадливи во врска со идејата за породување. Тие не ѝ помагаат на мајката или на персоналот. Породувањето е сосема природна работа и ништо нема да се смени ако додека вие се породувате тој викне дека ќе се онесвести или дека не се чувствува добро.

„Сега ќе биде, сега ќе биде“
А што ако не биде толку брзо? Сосема е јасно дека во оваа екстаза на породување, повеќето родилки не знаат каде се и само чекаат се да заврши добро. Дополнително, целото искуство може да трае половина ден, а може да заврши додека трепнете. Постојаното повторување дека породувањето ќе заврши и дека само што не сте се породиле навистина не помага ако самите чувствувате дека не оди толку брзо. Затоа жените признаваат дека повеќе им значи лесна масажа, поддршка и охрабрување. Сепак, треба да се има мерка. Понекогаш е доволно само да се биде таму.

„Дали болката може да се намали?“
Родилките и породувањата се различни, но болката е сепак честа. Болката е тешко да се опише и затоа татковците треба да внимаваат кога ѝ поставуваат прашања на родилката (која тогаш е во нејзиниот свет), но и на медицинскиот персонал. Секако, вашиот партнер би сакал да не ве боли, но тоа едноставно не функционира така.

„Јас сум гладен/уморен“
На ова една трудница би рекла: И јас. Породувањето ги мачи повеќето луѓе, но партнерот кој постојано се фокусира на себе, се жали или постојано нешто коментира не ја олеснува целата ситуација.

„Дај да сликам сè“
Секако, моментот кога ќе го види своето бебе не ги остава рамнодушни татковците. Згора на тоа, тие први моменти го поврзуваат со детето. Јасно е дека затоа сака да ги фотографира партнерката и бебето, но тоа треба да го направи со мерка и доза на претпазливост. Едно е да фотографираш родено бебе за приватна архива, а друго е да го овековечиш секој момент од раѓањето. Апсолутно е непотребно бидејќи се сомневаме дека некогаш ќе гледате како изгледало сето тоа. Да, ќе го гледате вашето бебе, но не и раѓањето од почеток до крај. Затоа, татковци, попрво бидете присутни во моментот и обидете се барем малку психички да ѝ ги олесните работите на мајката.

Повеќе