Како кавгите на родителите влијаат врз детето? Психолог предупредува на опасни последици

Физички конфронтации, навреди и емоционална уцена се само дел од токсичните интеракции што родителите можат да ги имаат меѓусебе, а долгорочно ќе предизвикаат емоционална штета на нивното дете. Постои истражување кое сугерира дека родителите кои се караат може да имаат негативен ефект и врз дете кое е на возраст од само шест месеци.

489

Без разлика колку е здрав односот на родителите, сигурно одвреме навреме на сите им се случува по некоја расправија. Како што објаснува психологот Карли Снајдер, неколку повремени несогласувања обично не се голема работа. Водењето зрели разговори, држењето подалеку од очите на децата и одбивањето да се навредуваат меѓусебе, му покажува на детето како да се справи со несогласувањата на здрав начин. Сепак, посериозните конфликти дефинитивно оставаат негативни последици на детето, пишува Very Well Family.

Физички конфронтации, навреди и емоционална уцена се само дел од токсичните интеракции што родителите можат да ги имаат меѓусебе, а долгорочно ќе предизвикаат емоционална штета на нивното дете.

Постои истражување кое сугерира дека родителите кои се караат може да имаат негативен ефект и врз дете кое е на возраст од само шест месеци. Сепак, расправиите на родителите не ги засегаат само малите деца, велат експертите. Други студии покажуваат дека сите деца и млади до 19-годишна возраст можат да бидат чувствителни на конфликтите меѓу нивните родители. Тоа само покажува дека децата од сите возрасти, од раното детство до раната зрелост, се под влијание на тоа како нивните родители избираат да се справат со разликите или несогласувањата.

Долгорочни ефекти врз менталното здравје на детето
Експертите веруваат дека заедниците со високи конфликти влијаат на менталното здравје на детето на неколку начини. Како прво, расправиите на родителите може да предизвикаат несигурност кај децата. Како што објаснува психологот, кавгата го поткопува чувството на сигурност кај детето во однос на семејната стабилност. Малите кои се изложени на многу расправии може да се загрижат за разводот или да се прашуваат дали тие се виновни за лошите односи меѓу мама и тато. Слично на тоа, постојаните непријатни ситуации може да го отежнат чувството на безбедност во семејството бидејќи расправиите честопати можат да бидат многу непредвидливи.

Расправиите можат значително да влијаат и на односот родител-дете

Ситуациите со високи конфликти се исто така стресни за родителите, а родителот кој е под стрес можеби нема да поминува многу време со своите деца. Покрај тоа, тоа може да влијае на квалитетот на врската бидејќи на родителите може да им биде тешко да покажат топлина и наклонетост кога се лути или вознемирени од другиот родител. Честите кавги создаваат и стресна средина. Слушањето чести или интензивни расправии е стресно за децата, а овој стрес може да влијае на нивната физичка и психолошка благосостојба, но и да го попречи нивниот нормален, здрав развој.

Студијата од 2012 година објавена во списанието Child Development, која ги разгледа ефектите од родителскиот конфликт врз децата од градинка до седмо одделение, покажа дека децата чии родители често се расправале имаат поголема веројатност да доживеат депресија, анксиозност и проблеми во однесувањето за време на растењето. Сепак, ова не се единствените негативни последици. Снајдер предупредува дека кај таквите деца често доаѓа до намалување на когнитивните функции, проблеми во односите со другите, проблеми во однесувањето, нарушувања во исхраната и други физички проблеми, како и зголемена склоност кон зависности.

Повеќе