Татковците во Хрватска добија право на платено отсуство по раѓање на бебе

На татковците кои ќе се решат да го користат ова отсуство, ќе им биде исплатена целосна плата, со тоа што оваа сума ќе оди на сметката на државата, а не на сметката на работодавачот.

89

Во Хрватска денеска стапи во сила законот со кој на татковците им се дава право на 10 до 15 дена платено отсуство за да го поминат со семејството во првите шест месеци по раѓањето на детето.

Единствен услов е да имаат континуиран работен стаж од девет месеци, без разлика дали имаат договор на определено или неопределено време или да работат една година со прекини во текот на 24 месеци.

Доколку работодавачот одбие да го дозволи овој платен одмор, се предвидува казна од 10.000 куни (1330 евра) до 50.000 куни (6650 евра).

„Веруваме дека би било добро во првите месеци од животот на детето и двајцата родители да учествуваат во грижата за новороденчето и да создадат подобра емотивна врска“, изјави за Хина државната секретарка на Централниот државен завод за демографија Жељка Јосиќ.

На татковците кои ќе се решат да го користат ова отсуство, ќе им биде исплатена целосна плата, со тоа што оваа сума ќе оди на сметката на државата, а не на сметката на работодавачот.

Повеќе