Терапевтка тврди дека секое дете треба да ги слушне од родителите овие 12 фрази

Важно е да им покажете на децата дека верувате во нив за да научат да веруваат во себе.

127

Сите ние како деца сме доживеале различни ситуации кои на некој начин „оставиле свој белег“. Без разлика дали се работи за нешто едноставно, како паѓање од велосипед, или посериозно, како занемарување или злоупотреба, тие настани оставаат емоционална или физичка трага, вели терапевтката Мишел Молитор.

„Нашето срце, ум и тело паметат такви моменти и тие често го обликуваат нашето однесување за да се чувствуваме „безбедни“ во светот“, изјавила таа за YourTango.

Исто така, додава дека одредени фрази што децата ги слушаат од нивните родители можат значително да влијаат на нивното чувство за самодоверба и самопочит.

Според Молитор, ова се примери на фрази што децата треба да ги слушнат за да пораснат во сигурни, среќни и здрави возрасни луѓе:

Зборови на безусловна љубов и прифаќање

„Децата треба да знаат дека се сакани и прифатени, без оглед на нивните достигнувања или однесување. Треба да се уверат дека се сакани дури и кога прават грешки или не ги исполнуваат очекувањата”, објаснува терапевтката.

    За да го постигнат ова, родителите можат да ги користат следните фрази.

    „Те сакам безусловно, таква/таков каква/каков што си“.
    „Во ред е да се прават грешки. Така учиме“.
    „Горд/а сум на тебе што се трудеше“.

    Валидација на чувствата и искуствата

    Децата треба да знаат дека нивните чувства се важни и валидни.

    Молитор вели: „Важно е да покажете дека сте присутни и заинтересирани за она што тие го доживуваат“.

      Така, родителите можат да кажат:

      „Ти благодарам што ги сподели своите чувства со мене“.
      „Во ред е да се чувствуваш така“.
      “Жал ми е што минуваш низ тоа. Што можам да направам за да ти помогнам?”

      Пофалба за напор и напредок
      Наместо да ги фалат само достигнувањата, важно е на децата да им се признаат нивните напори и напредок.

      „Преку ова ги учиме дека грешките се дел од животот и дека не е се совршено, туку трудот е она што се цени“, вели терапевтката.

        Затоа, таа ги советува родителите да ги користат следните фрази:

        „Горд/а сум на твојот труд! Гледам колку си напредувал/а“.
        „Ти оди одлично“.
        „Во ред е ако не функционираше првиот пат. Ќе работиме на тоа заедно“.

        Разговори кои поттикнуваат независност и одлучување

        На децата треба да им се дадат можности да донесуваат одлуки и да преземаат одговорности соодветни на нивната возраст.

        „Така ги охрабруваме да размислуваат критички, да бараат решенија и да имаат чувство за сопствените способности“, тврди Молитор.

          Според терапевтката, родителите можат да кажат, на пример:

          „Што мислиш, кое е најдоброто решение?“
          „Да разговараме за добрите и лошите страни на секоја опција“.
          „Тука сум да ве поддржам без разлика каква одлука ќе донесете“.
          „Важно е да им покажете на децата дека верувате во нив за да научат да веруваат во себе. Со потврдување и прифаќање на нивната единствена вредност секој ден, им помагате да развијат длабоко вкоренети чувство за самопочит и самодоверба.

          Правејќи го тоа, им обезбедувате основа да прераснат во среќни, здрави и самоуверени возрасни луѓе кои знаат дека се доволно добри такви какви што се“, заклучила Молитор.

          Повеќе