Тинејџерка со Даунов синдром носела ревија на модната недела во Њујорк

„Моите пријатели не можеа да поверуваат кога ме видоа во прекрасен фустан, со вештачки трепки и коса. Се чувствував толку храбро и убаво”, изјавила таа по шоуто.

184


14-годишната Моника Мајерс од Канада не ни помислуваше дека ќе се појави на модната писта, а потоа стана една од првите манекенки со Даунов синдром што се качи на сцената на престижната модна недела во Њујорк.

„Моите пријатели не можеа да поверуваат кога ме видоа во прекрасен фустан, со вештачки трепки и коса. Се чувствував толку храбро и убаво”, изјавила таа по шоуто.
Нејзината мајка Стефани Мајерс ја придружувала во Њујорк и признала дека се расплакала кога ја видела ќерка си на модната писта.

„Никогаш не ни сонував дека може да го направи тоа, таа ме направи толку горда. Од мала сакаше сè што е поврзано со фризурата, шминката и фустаните. Секогаш ја поддржувавме во сè што правеше и ја ценевме, а таа никогаш не беше срамежлива пред камерата. Последните години таа најде инспирација кај моделите со Даунов синдром и тоа ја инспирираше да почне да се занимава со манекенство“, изјавила мајката на Моника.
Кариерата на тинејџерката тргна во нагорна патека, а тоа го докажува и ревијата на модната недела во Њујорк што таа ја носеше.

Повеќе