Училиште престанало да им служи месо на децата

Родителите ја критикувале одлуката на основното училиште Бароуфорд во Ланкашир да престане да служи месо и да им нуди на учениците исклучиво вегетаријански оброци,

336

 Откако основното училиште Бароуфорд во Ланкашир престанало да служи месо и почнало да им нуди на учениците исклучиво вегетаријански оброци, некои родители биле револтирани.

Правилото е воведено пред повеќе од една година, а од училиштето велат дека ниту еден родител не поднел формална жалба. Сепак, The Sun пишува дека неколку родители ја осудиле одлуката, додека една мајка размислува да ја испише ќерката од училиште.

„На ќерка ми ѝ беше послужена вегетаријански колбас. Доста ми е од тоа училиште, сакам да ја префрлам во друго. Мислам дека заборавија дека оние што не јадат месо мора да земаат многу суплементи“, вели таа додавајќи дека за промената дознала преку електронска пошта.

„Секако дека сум лута. Детето јаде само каша на училиште. Оттогаш ѝ пакувам храната за на училиште”, додала бесната мајка.

Другите родители сметаат дека на учениците треба да им се понуди месно, вегетаријанско и веганско мени, па секое дете и родител да изберат што им одговара. Сепак, не ја осудуваат сите одлуката на училиштето.

„Не сум вегетаријанец, но мислам дека менијата се одлични. Никој не е принуден да јаде на училиште, детето секогаш може да носи храна од дома”, рекол еден родител.

Директорката Рејчел Томлинсон во елетронската пошта испратена до родителите минатата недела напишала дека одлуката е резултат на размислувањето за климатските промени.

„Воведовме исхрана без месо пред повеќе од една година и со задоволство ќе разговарам со секој што не ја сака, иако не сме добиле никакви официјални поплаки. Нашите деца учат за одржливиот развој и се интересираат како тие можат да придонесат за подобра заштита на животната средина. Менито има за цел да покаже како секој од нас може да има многу пошироко позитивно влијание со мали промени во секојдневните навики и дека намалувањето на потрошувачката на месо е само еден начин да се направи тоа“, објаснила таа.

Томлинсон истакнува дека промената е направена со помош на нутриционисти, а јадењата што ги нудат се избалансирани.

„Ги учиме нашите ученици дека е во ред да се јаде месо, но дека намалувањето на неговата потрошувачка може да ѝ помогне на нашата планета.

Повеќе