Вашата борба со стерилитетот треба да биде проследена и со прилагодена исхрана
Хељдата е особено важна за женската плодност, богата е со протеини, но и со други есенцијални хранливи материи. Заедно со хељдата и жените и мажите треба да јадат повеќе непечени бадеми, лешници, ореви, полен, матичен млеч и зелен лиснат зеленчук. За жените се важни витамините Б5 и Б12, а за мажите, покрај витаминот Б12, важни се и витамините А, Е и Ц. Спанаќот, блитвата и брокулата содржат коензим Q10, кој е неопходен за подвижноста на спермата. И мажите и жените кои планираат потомство и се борат против стерилитет треба да внесуваат повеќе фолна киселина.
Се верува дека сите оние токсини кои не се обработуваат од црниот дроб кај мажите се таложат во простатата, а кај жените – во јајниците и во матката.
Затоа, кога ќе ја започнете борбата за потомство, заборавете на цигарите, алкохолот, кафето, како и храната третирана со вештачки ѓубрива, пестициди, антибиотици и адитиви.
Исто така, се советува да направите тест за нетолеранција на храна, и целосно да ги изоставите оние намирници на кои не сте толерантни.
Со внесување на таква храна во организмот, вие создавате повеќе штета на организмот отколку корист, бидејќи телото не е во состојба да ја преработи храната и ја трансформира во токсини.
Умерено консумирање кофеин значи дека не треба да пиете повеќе од 2-3 шолји црно кафе дневно.
Жените се поподложни на негативното влијание на кофеинот, најмногу од кафето и црниот чај. Истражувањата покажаа дека постои директна врска помеѓу прекумерното консумирање кофеин и неплодноста и спонтаните абортуси.
Хељдата или црната пченица, како што уште ја нарекуваат, е особено важна за женската плодност.
Богата е со протеини, а не ѝ недостасуваат ниту други есенцијални хранливи материи. Заедно со хељдата и жените и мажите треба да јадат повеќе сирови бадеми, лешници, полен, матичен млеч и зелен лиснат зеленчук.
Жените исто така треба да го зголемат внесот на витамин Б5 (го има во печурките, мешунките, лососот, никулците од житарки, мисиркиното месо, агрумите, интегралниот ориз), како и витаминот Б12 (во месото, јајцата, повеќето риби и џигерот) .
Есенцијалните масни киселини треба да се добиваат од ладно цедено растително масло, како што се маслиново, ленено, соја, тиква и кокосово масло.
Мажите кои се лекуваат од неплодност треба да го зголемат внесот на витамин А (го има во морковите, путерот, јајцата, спанаќот, глуварчето, никулците, зелката, магдоносот, дињи, кајсии, сливи, праски…), витамин Б12 ( месо, јајца и риба), витамин Е (житарки, јајца, риба, пилешко, зелен грашок, темнозелен зеленчук) и витамин Ц (лимон, магдонос, рен, пиперки, коприви, спанаќ, јагоди, зелка, лозови лисја, прокељ и кељ).
За машка плодност се препорачува и зголемен внес на минерали: калциум (кељ, магдонос, сусам, бадем, киноа), магнезиум (банани, мешунки, житарки, туна, риба, повеќето темнозелени зеленчуци), цинк (грав, спанаќ, боранија, грашок, риба, јајца, печурки), селен (домати, кромид, туна, никулци) и коензим Q10.
Витамините Ц, Е и А ги штитат сперматозоидите од ефектите на слободните радикали, а цинкот влијае на бројот и подвижноста на сперматозоидите.
Манганот помага во производството на полови хормони кај двата пола.
Појавата на стерилитет често се објаснува со недостаток на манган во телото. Јадете повеќе трици, ореви, хмељ, грашок, целер, ананас, рибизли и зелен лиснат зеленчук.
Спанаќот, блитвата и брокулата содржат коензим Q10, кој е неопходен за подвижноста на спермата.
И мажите и жените кои планираат потомство и се борат против стерилитет треба да внесуваат повеќе фолна киселина.
Ќе ја најдете во зелена салата, грашок, спанаќ, кељ, грав, ореви, кикиритки, пченични никулци, туна, домати, пекарски квасец, банани, портокали, дињи, лимони, млеко, јајца, џигерчиња.
Ликопенот е неопходен за третман на стерилитетот кај мажите.
Имено, висока концентрација на ликопен има во тестисите на здрав маж, додека намалување е забележано кај мажите кои се борат со стерилитет.
Ликопен ќе најдете во речиси сите црвени овошја и зеленчук, но најмногу во доматите, црвениот грејпфрут, кечапот и варените домати.
Јаткастите плодови и семките имаат познати својства како афродизијаци, но играат и многу важна улога во производството и подобрувањето на квалитетот на спермата кај мажите.
Бадеми, ф’стаци, семки од сончоглед, индиски ореви или бразилски ореви се одличен избор, јадете по половина порција од оваа смеса секојдневно.
План за исхрана за жени кои се борат со неплодност
Најмалку 3 пати неделно треба да јадете храна богата со омега 3 масни киселини.
Тоа се скуша, харинга, лосос и сардина.
Додадете во нив здрави масти од авокадо, ореви, семки од тиква и семки од лен и сигурно ќе ја зголемите и подобрите пропустливоста на клеточните мембрани, вклучувајќи ги и јајце клетките.
Зеленчукот треба да се вари на пареа.
Традиционалната кинеска медицина вели дека вареното овошје ја подобрува плодноста, додека сировото овошје само го попречува варењето и предизвикува проблеми. На вашето тело ќе му годат и до 2 чаши полномасно млеко, јогурт или сирење.
Четиридневна детоксикација
Првиот, вториот и четвртиот ден јадете ги следните намирници: зеленчук (кој било), овошје (освен сушено), билни зачини (лукот и коријандерот се природни средства за чистење на телото), грав и леќа, цели зрна (овес, ‘рж, јачмен, но не ориз и пченица), овошје со семки, семки и масла од семки, билни млека и овошни и билни чаеви.
Третиот ден јадете бела риба, бело пилешко или мисиркино месо, јајца, јогурт, мед, овошје со семки, сушено овошје.
План за исхрана за мажи кои се борат со неплодност
Веќе спомнавме дека е добро да се јаде цитрусно овошје кое е богато со витамин Ц. Заедно со агрумите, добро е да се јадат и киви, капини, пиперки и брокула.
Бразилскиот орев е чудотворна храна која е богата со витамин Е.
Семките од тиква се природен извор на витамин Ц, неопходен за густината и количината на семената течност.
Четири правила за исхрана
Регулирајте ја киселоста и алкалноста на организмот. Златното правило е 80% базна храна, 20% кисела.
Овошјето и зеленчукот ја намалуваат киселоста на телото.
Јадете храна богата со антиоксиданти секој ден. Изберете што е можно повеќе различни овошја и зеленчук и ќе имате различни антиоксиданти во вашата чинија.
Изберете храна со низок гликемиски индекс.
Потврдена е врската помеѓу јадењето храна со висок гликемиски индекс и стерилитетот.
Исто така, високиот шеќер во крвта го отежнува зачнувањето. Јадете бели компири, овес, интегрален леб и тестенини, но избегнувајте ја оваа храна навечер.
Обидете се да го поттикнете вашето тело добро да ја вари храната. Ова е важно, бидејќи на овој начин ќе ги искористите сите корисни состојки од храната.
Јадете полека, никогаш не брзајте, џвакајте долго и обидете се да јадете секој ден во исто време.
Вашиот главен и најголем оброк треба да биде наутро, кога дигестивниот систем е најфункционален, а порциите треба да се намалат подоцна во текот на денот.
Што не треба да јадете
Треба да се внимава на киселинско-базната рамнотежа во телото.
Причината за стерилитет може да биде доминација на кисела средина во споредба со базната.
Храната како што се: многу месо, млечни производи, газирани пијалаци и бел шеќер ја зголемуваат киселоста на телото, додека овошјето и зеленчукот ја намалуваат киселоста.
Индустриските сокови се богати со шеќер, а студиите покажале дека вишокот шеќер е причина за намаленото ниво на тестостерон.
Алкохолот може да влијае на плодноста кај двата пола. Треба да бидете умерени и да се ограничите на 1 чаша дневно, по можност домашно црвено вино.
Заборавете на пушењето и обидете се да не поминувате многу време во зачадени простории, бидејќи постојат студии кои директно го поврзуваат никотинот со стерилитетот.
Уште информации во врска со исхраната и неплодноста ќе најдете ТУКА.