Вознемирувачко видео кое е мачно за гледање: Бебе за малку ќе се задушeше со цуцлата

„Ова бебе има само седум месеци и цуцлата му застана во устата. Бебето може да се задави со цуцлата ако е премногу мала за неа, ако деловите можат да се одвојат или ако е стара и изабена“, предупредува медицинската сестра Ники Јуркуц, коментирајќи го видеото.

1.324

Откако нејзиниот син за малку ќе се задушел со цуцла лажалка, една мајка ја споделила снимката од инцидентот со медицинската сестра Ники Јуркуц за да ги запознае другите родители за опасностите.

Во краткото видео, бебето лежи на грб и мавта со рацете, додека се гуши со цуцлата која му паднала во устата. Кон крајот на видеото, малото момче успева да ја искашла цуцлата на креветчето.

„Ова бебе има само седум месеци и цуцлата му застана во устата. Бебето може да се задави со цуцлата ако е премногу мала за неа, ако деловите можат да се одвојат или ако е стара и изабена“, предупредува Јуркуц.

Според National Childbirth Trust, цуцлите се генерално безбедни за употреба штом бебето ќе почне да се дои, но тие можат да бидат опасни бидејќи се подложни на абење и кинење. Исто така, Јуркуц ги советува родителите да избираат цуцли со дупчиња на штитникот бидејќи тие овозможуваат поминување на воздухот ако им се заглават на децата во устата. Сите налепници и етикети треба да се отстранат од цуцлата и да се провери цуцлата да нема остри рабови.

Повеќе