3 работи што не смеете да ги правите ако детето со аутизам бурно реагира или има напад

Повеќето агресивни испади се случуваат затоа што детето има чувства и не може да ги совлада или да ги изрази. Ако управувате со сопствените чувства и ако останете смирени и тивки, нема да додавате свои емоции што може дополнително да ја комплицираат ситуацијата.

521

Децата со аутизам понекогаш ги изразуваат своите емоции преку агресивно однесување кон другите. Понекогаш нивното агресивно однесување може да биде насочено кон самите нив, форма на самоповредување. Може да удираат, клоцаат, фрлаат предмети или да се повредуваат – на пример, да удираат со главата.

Децата со аутизам може да се однесуваат агресивно или да се повредат од следниве причини:

Имаат проблем да разберат што се случува околу нив – на пример, што зборуваат другите луѓе или како комуницираат невербално
Имаат потешкотии во соопштувањето на сопствените желби и потреби
Многу се вознемирени, исплашени или под стрес
Имаат сензорна чувствителност, како што е преосетливост на бучава или потреба од стимулација
Сакаат да избегаат од стресни ситуации или активности

Веројатно не можете да го спречите секој напад или насилна реакција на аутистично дете. Затоа е важно да имате некои стратегии за справување со агресивното однесување кога тоа ќе се случи. Останете смирени – ова е првата и најважна работа. Повеќето агресивни испади се случуваат затоа што детето има чувства и не може да ги совлада или да ги изрази. Ако управувате со сопствените чувства и ако останете смирени и тивки, нема да додавате свои емоции што може дополнително да ја комплицираат ситуацијата.

Доколку детето со аутизам има напад, е агресивно или „бурно реагира“, еве што не смеете да правите:

  1. Не го запирајте кога „бурно реагира“
    Викањето, повторувањето зборови и другите видови „чудно“ однесување се главно безопасни, без разлика колку и да изгледаат непријатно. Ваквите „испади“ обично му помагаат на детето со аутизам да се справи со светот околу него, а нивното запирање има негативни последици. Ако не се повредуваат себеси и другите, не уриваат ништо и не уништуваат имот, тогаш не треба да се прекинуваат. Треба да се погрижите тие да се чувствуваат слободни, без осудување и ограничувања.
  2. Не се обидувајте да го дисциплинирате или да водите тешки разговори кога тој има „напад“
    Ова ќе ви биде многу тешко и морате да му дозволите да се „ресетира“, да го регулира своето однесување и повторно да влезе во неговата „комфорна зона“. Откако ќе се смири, разговарајте за неговото однесување и работете заедно за да пронајдете техники кои ќе му помогнат да се контролира следниот пат.
  3. Не го оставајте предолго без надзор
    Не треба да го „демнете како врабец“, но морате да се погрижите да не се повреди, на пример, такашто ќе си игра со електрични кабли. Најдете ја мерката. Сепак, како што ќе расне, ќе сака да биде понезависен, да биде помалку во ваше присуство. Во никој случај не ја отстранувајте вратата од неговата соба, му треба приватност. Дозволете му нему да ви покаже колку надзор му е потребен.
Повеќе