Време е да го оставите телефонот и да му се посветите на детето!

Родителите кои ги игнорираат своите деца и ги користат нивните телефони наместо да им обрнуваат внимание, можеби ги ставаат своите деца во ризик од депресија.

157

Кинеските истражувачи проучувале 530 ученици на возраст меѓу 10 и 18 години за да видат дали биле жртви на родителско игнорирање заради употреба на телефони.

Децата чии родители биле опседнати со телефонот покажале повеќе депресивни симптоми при пополнување на прашалникот од оние на кои им било обрнувано внимание.

„Родителски фабинг е феномен во кој родителите ги користат своите мобилни телефони во интеракциите помеѓу родителите и децата во кои детето се чувствува исклучено“, објаснуваат истражувачите во студијата објавена во списанието „Journal“.

Примерите на родителски фабинг вклучуваат редовно проверување на телефонот за време на оброците и можност секогаш да го гледате екранот и известувањата што ви стасуваат.

Кинеската студија побарала од учениците да пополнат прашалник, рангирајќи ги нивните перцепции за родителската топлина и отфрлање.

Децата во истражувањето биле на возраст од десет до 18 години, со просечна возраст од 13 години.

Прашалникот содржел различни прашања за да се процени употребата на телефонот од страна на нивните родители.

Едно прашање, на пример, гласело: „За време на типичен оброк со моите родители, моите родители се повлекуваат и ги проверуваат своите мобилни телефони“, а учесниците го оценувале ова на скала од еден до пет. Еден било „никогаш“, а пет било „секогаш“.

Втората изјава на која учесниците требаше да одговорат беше: „Моите родители ги ставаат своите мобилни телефони на места каде што можат да ги видат кога сме заедно“.

Потоа на истите ученици им бил даден посебен прашалник за да се оцени нивното ниво на депресија.

Истражувачите објаснуваат дека во нивната студија поставиле 20 прашања и им наложиле на учениците да ги рангираат симптомите на депресија во изминатата недела на скала помеѓу еден и четири. На оваа скала, едно било еднакво на ниту малку, а четири било „многу“.

Кога академиците ги процениле овие податоци, откриле дека колку повеќе време родителите поминуваат на своите уреди кога се покрај нивните деца, толку е поголема веројатноста децата да развијат депресија.

Децата на родителите кои се врзани за нивните телефони се чувствувале отфрлено и доживеале помалку топлина од нивните родители, за кои мислат дека повеќе се заинтересирани да зјапаат во екраните отколку во нив, пренесува Dailymail.

Повеќе