За што најмногу жалат луѓето во последните часови од животот (ВИДЕО)

Слушајте ја личноста која работи со луѓе кои се на смртна постела и кои ја чекаат смртта. Престанете да се грижите за тоа што мислат другите луѓе за вас. Престанете да се грижите што ќе мислат за вас ако се обидете да направите нешто храбро, што ќе ги оствари вашите соништа, вели докторката Трипат Сахи.

196

Трипат Сахи, докторка која работи со тешко болни и стари лица, на својот профил на TикТок открива зошто, според нејзиното искуство од работата во болницата со пациенти кои умираат, луѓето најмногу жалат пред да умрат.

„Слушајте ја личноста која работи со пациенти кои умираат секој ден. Буквално, со луѓе кои се на смртна постела и кои ја чекаат смртта. Престанете да се грижите за тоа што другите луѓе мислат за вас. Престанете да се грижите што ќе мислат за вас ако се обидете да направите нешто храбро, што ќе ги оствари вашите соништа“, вели таа.

„Само престанете да мислите што мислат другите за вас затоа што, верувајте ми, не сакате да бидете на смртна постела, да гледате наназад на својот живот и да размислувате за тоа дека сте го живееле животот за некој друг, дека сте живееле за да направите среќен некој друг, сте ги исполнувале туѓите желби и никогаш не сте имале храброст да го направите она што всушност сте го сакале во животот“, вели Сахи.

Нејзиното видео е прегледано 300 илјади пати, а многумина се согласија со нејзиното мислење.

@tripat.sahi Pls stop #growthmindset #personaldevelopment #enterpreneur #judgement #222 ♬ Blade Runner 2049 – Synthwave Goose
Повеќе